МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

 

Троен празник на Гимназијата „Мирче Ацев“

 за патрониот празник

   На 03.11.1944г. на заседание на АСНОМ во с.Горно Врановци донесено е решение за отворање на 9 гимназии во Вардарскиот дел на Македонија, меѓу кои и гимназијата во Прилеп. Таа започнала со работа на 30 јануари 1945 година и го добила името на прилепскиот борец Мирче Ацев. Во учебната 1949/1950г. од гимназијата излегла првата генерација матуранти кои завршиле полна гимназија.

   Оваа година Гимназијата слави 75 години постоење и 70 години од завршувањето на првата генерација матуранти. Со низа активности гимназијата го одбележа овој јубилеј оддавајќи достојна почит на делото и ликот на Мирче Ацев, патронот на училиштето.

   По повод патрониот празник, реализирани беа повеќе активности: Ораторска вечер, спортски натпревари, традиционален турнир во шах на средните училишта, поетска вечер, ликовна изложба и свечена академија.
   Чествувањето на четврти јануари, денот кога Мирче Ацев ѝ го подари својот живот на татковината, започна со полагање на цвеќе и оддавање на почит на Могилата на непобедените и на бистите на Алејата на хероите.
   Цвеќе се положи и на бистата на Мирче Ацев во дворот на Гимназијата.
   Вечерта, во прилепскиот театар поставена беше ликовна изложба со дела на гимназијалците а потоа се одржа традиционалната свечена академија.
   Академијата започна со хорската изведба на македонската химна „Денес над Македонија се раѓа“ по што следеа обраќања на директорот на гимназијата Димче Настоски, Каролина  Николоска, советник за образование и спорт при Општина Прилеп и Горица Илиоска, претседател на Здружение на директори, училиши лидери.
   На академијата пред публиката со изведби на „Ода на радоста“ и „Сербез Донка“ се претстави училишниот хор, по што следуваа  драмските и рецитаторските изведби: „Печалбари“ „Парите се отепувачка“ „Диво месо“ „Лет во место“ „И крвави храбри“ „Далечини“ „Ѕвона“ „Проштевање“ и „Има една земја“
   Салата ја исполнија звуци на песните: „Заветна“ „Скитник“ „Коњи брзајте“ „Километри“ „Дома си е дома“.  На крајот се претставија ученици со музички инструментални изведби.

 

Фотографија: Елена Талеска и
Натали Десоска

   Ученици изведувачи на драмските, рецитаторските и музичките точки беа:  Гордана Димеска, Јована Трајковска, Душица Тодороска, Христијан Нашуловски, Ивана Тодороска, Мариja Трајкоска, Сара Шлакеска, Давид Арсов, Иво Јездиќ, Давид Стојаноски, Петар Секулов, Ева Илиеска, Маја Димеска, Стефани Ралоска, Михаела Аџиоска, Ангел Ѓорѓиоски, Александра Игнатоска,  Ива Трајкоска, Кирил Кузманоски, Благоја Николоски, Ивана Стојаноска и Илија Бозоски.

   Во организацискиот тим за овој јубилеен патронен празник беа Стефани Видеска, Дарко Ристески, Татјана Ивановска, Мирјана Бошковска, Весна Михаиловска, Емона Јованоска, Тони Сваќароски, Гордица Димитриевска Груеска, Александар Џинго, Кети Ефремоска, Николче Богданоски и Орде Цветаноски со целосна поддршка од директорот Димче Настоски.

   Придонес во одбележувањето на овој јубилеј, имаа и професорите и учениците од угостителско - туристичката струка при СОУ „Наум Наумоски - Борче“ од Крушево кои за оваа пригода реализираа беспрекорна кетеринг услуга, за што СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ им изразува јавна благодарност.

 


Објавено на: 25 Јан 2020

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2024
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија