МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

 Гимназијалците домаќини во првиот дел на RYCO проектот

 ryco proect logo

    СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ беше училиште домаќин во RYCO проектот насловен како “VOICES”. Гимназијата во овој проект учествува како училиште партнер заедно со уште две други средни училишта, Геолошко – хидрометеоролошкото училиште „Милутин Миланковиќ“ од Белград, Србија кое воедно е и училиште координатор на овој проект и Прва средна стручна школа од Никшиќ, Црна Гора исто така партнер училиште. Партнер во овој проект е исто така и Здружението на уметници „Базаарт“ од Белград, Србија кои воедно кои ги водеа активностите на кампот во Прилеп.

ryco proect prilep

   Кампот што всушност беше и почетокот на овој проект, се одржа од 6ти до 11ти февруари во нашиот град. Наши гости беа по 6 ученици од секое училиште, придружувани од двајца наставници како и три претставници од Здружението на уметници „Базаарт“.
  Кети Ефремоска, професор по англиски јазик, во улога на локален координатор на овој проект и Мартин Наумоски, професор по македонски јазик, во улога на носител на изведувањето на драмските активности се нашите претставници во овој проект под чие менторство беа и шест ученици од нашето училиште: Ненад Јакимов, Кристина Каламукоска, Бојана Тинтоска, Лора Штаргоска, Александар Петрески и Афродита Петкоска.

 ryco proect Прилеп

рико проект Прилеп Македонија

   Кампот, според изјавите на учесниците, ги надмина нивните очекувања. Учениците учеа драмски техники и методи на креативен начин бидејќи и целта на овој проект е да се слушнат ГЛАСОВИТЕ на младите преку креативноста на драмата како уметност.


Објавено на: 29 Апр 2020

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија