МК | EN | FR | DE
На четврти мај згаснаа животите на два големи македонски синови, кои го положија својот живот за слободна Македонска држава. На овој датум во 1903 година, загина Гоце Делчев, а во 1912 година кај Дреновска клисура, убиен беше Пере Тошев.
На крајот на април 1903 година, се случија и солунските атентати, настан кој силно одекна во европската и светската јавност. „Гемиџиите“ имаа за цел да го свртат европското внимание кон Македонија и да се издејствува создавање на Македонска држава.
Во чест на Гоце, Пере и Гемиџиите, гимназијалци од втора година, по предметот историја, изработија видео проекти со цел да им се оддаде почит на овие големи личности и да се одбележат овие настани од македонската историја.
Гоце Делчев, проект по историја, изработен од учениците Дора Јованоска и Виктор Костадиноски
Пере Тошев, проект по историја, изработен од ученикот Мартин Видевски и Христина Видевска
Солунските атентатори, проект по историја, изработен од учениците Никола Димовски и Тамара Спасевска
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.