Copyright © 2013 www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.
Учебна 2011/2012
СВЕЧЕНО ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДИПЛОМИТЕ НА МАТУРАНТИТЕ
На 10.08.2012 г.со пригодна свеченост беа доделени дипломите на матурантите од Гимназијата од генерацијата 2008-2012 г.
ВТОРО МЕСТО ЗА НАШИТЕ ГИМНАЗИСКИ ФУДБАЛЕРИ
На државните спортски игри „ГИМНАЗИЈАДА 2012“ нашата екипа го освои второто место.
ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА
55-ти Државен натпревар по физика за учениците од средното образование на Република Македонија
Прилеп 12.05.2012
МИНИСТЕРОТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА ВО ПОСЕТА НА НАШАТА ГИМНАЗИЈА
Во четвртокот (29.03.2012г.) Нашата Гимназија беше посетена од Министерот за образование и наука на Република Македонија, Панче Кралев.
ТРИБИНА ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК
Во Гимназијата “Мирче Ацев”на ден 21.02.2012 се одржа трибина по повод меѓународниот ден на мајчиниот јазик.
Оваа трибина беше организирана од Младинската заедница од Гимназијата, а присутни беа ученици, професори, претставници од Бирото за развој на образованието, претставници од локалните медиуми и други гости.
ПОЕЗИЈА ЗА ТОШЕ
Теодора Силјаноска е ученичка во прва година во нашето училиште. Таа е одлична ученичка и има освоено голем број на награди. Вљубена е во поезијта и по неколку години пишување ја објавува својата прва книга “Мисија” која е посветена на Тоше.
ОБУКА НА ПРОФЕСОРИТЕ
Поголем дел од професорите во Гимназијата ја посетија обуката од проектот на Македонскит центар за ѓраѓанско образование со наслов „ Примена на стандардите за оценување на учениците“
Обучувачи беа професорките Анкица Стеваноска Јанческа и Весна Илиоска, кои претходно поминаа низ обуката организирана од БРО и МЦГО.
ДЕН НА ДРВОТО
И гимназијалците се вклучија во акцијата за пошумување „Ден на дрвото - засади ја своата иднина“ Се пошумуваше во близина на местото викано Песиобрци и се изведе акција за посадување на украсни дрвца во училишниот двор.
ЛИКОВЕН ХЕПЕНИНГ
На 03.11.2011 кај споменикот на ,,Итар Пејо” се одржа ликовен хепенинг ,,Со срце за Прилеп” во чест на празникот „Трети ноември“. Учество зедоа талентираните ученици од средните училишта и друштвото на ликовни уметници од Прилеп. Гимназијата ја претставија учениците Ѓорѓи Десподов, Верица Парапанска, Владимир Здравески и Андреј Нанески од 1 година и професорката по ликовна уметност Виолета Блажеска.
Прво награден беше ученикот Ѓорѓи Десподов кој заслужено доби седум дневно летување во Охрид.
ИЗЛОЖБА ВО ГРАДСКАТА БИБЛИОТЕКА „БОРКА ТАЛЕСКИ“
По повод месецот на книгата, нашите гимназијалци под раководство на професорката по ликовна уметност Виолета Блажеска, во просториите на Градската библиотека „Борка Талески“ организираа ликовна изложба на тема „Корици на книги“.
Изложбата наиде на добар прием и задоволство кај сите посетители на библиотеката и љубители на пишаниот збор и ликовната уметност.
„НАЈКУЛ“ ПРОФЕСОР
Според анкетата на средношколското списание „Медиум“ за „Најкул професор“ за октомври 2011год. прогласена е професорката по физика од нашата Гимназија, Ана Велјаноска.
НАШИТЕ ГИМНАЗИЈАЛЦИ НА ЧЕТВРТО МЕСТО ПО ЗНАЕЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА
На Државната матура 2012 година, нашите ученици се рангираа на четврто место според постигнатите резултати. Рангирањето го изврши Министерството за образование и наука, а целосната ранг листа може да ја погледнете овде:
Исто така може да ја погледнете и споредбената анализа на постигањата на нашите матуранти на Државната матура изминативе две години:
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |