Учебна 2012/2013
Copyright © 2013 www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ЗЛАТЕН МЕДАЛ ЗА НАШАТА ЕКИПА ПО ЦРВЕН КРСТ
На XXI-от Државен натпревар, кој се одржа во Велес на 15.09.2012 година, во конкуренција на 23 екипи, нашата гимназиска екипата го освои првото место. Екипа беа: Јованоска Ивона (капитен), Јованоска Марија, Трајческа Симона, Попорданоска Теодора, Филипоски Антонио и Џумеркоски Јане. Ментор на екипата беше Ѓорѓиоски Гоце.
ПРВА САМОСТОЈНА ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ
Во просториите на Градската библиотека „Борка Талески“, со пригодна свеченост, отворена беше првата самостојна изложба на фотографии на гимназијалецот Ѓорѓи Десподов.
Интензивното другарување со фото апаратот, ветува успешна фотографска кариера и уште многу фотографии и изложби на Ѓорѓи.
НАЈДОБРИТЕ ТЕНИСЕРИ
Стефан Неданоски на општинскиот натпревар во тенис за средношколци, го освои златниот медал, без ниту еден загубен сет.
Орхидеја Деаноска го освои второто место на истиот натпревар во категотија на средношколки, а Михаела Кебакоска третото место.
ЗЛАТЕН МЕДАЛ ЗА ТЕОДОРА
Теодора Кочоска, за својот изум „Пиезо електричен мерач на звук“ доби златен медал од Сојузот на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања на Македонија, МАКИНОВА 2012. Изумот мери различни звуци и лесно може да се пренамени и за мерење на осветленост .
„Стручното жири ја оценуваше Теодора за теоријата на креирање на изумот, за иновативноста и практичната примена на изумот“ - вели менторот проф. Ана Велјаноска.
ИЗЛОЖБА НА КОРИЦИ НА КНИГИ
Веќе трета година, за време на месецот на книгата, учениците од прва година, со менторот проф. Виолета Блажеска, организираат изложба во градската библиотека „Борка Талески’’ на тема „Илустрација на книга и корица на книга’’. Оваа година изложбата беше уредена од ученичките Ангела Икономоска и Бисера Самарџиоска. Соработката помеѓу гиманзијата и Градската библиотека ќе продолжи и во следните години.
ПРВО И ВТОРО МЕСТО
Изабела Јошеска освои прво место, а Теодора Силјаноска второ место на наградниот конкурс за најдобар есеј со историска содржина. Конкурсот е во организација на Сојузот на борците на Прилеп и на него зедоа учество 25 средношколци од училиштата од градот. Наградите лично им ги врачи Благоја Чоноски - Чоната, претседателот на Сојузот на борци.
ТРЕТО МЕСТО ВО МАКЕДОНИЈА
Теодора Јагуриноска го освои третото место за најдобар есеј на тема “Зошто е кул да си стар”. Манифестацијата е организирана од ЕУ и поддржана од министерството за образование на Р. Македонија. На истата се натпреваруваа ученици од средните училишта од целата држава. На Теодора лично и честитаа европретставникот Аиво Орав и министерот за образование Панче Кралев.
ОТВОРАЊЕ НА ЦЕНТАРОТ ЗА КАРИЕРА
Министерството за образование и наука во соработка со проектот на УСАИД „Младинска мрежа за стекнување на вештини за вработување - YES Мрежа", започна со реализација на проектот за имплементирање на кариерни активности во училиштата.
ЕКО АКЦИЈА ВО УЧИЛИШНИОТ ДВОР
На 07.11.2012, Федерацијата за еколошка акција организираше светски „Ден на акција“.
Нашата Гимназија спроведувајќи ја интернационалната програма „Еко училиште“ се вклучи во одбележувањето на овој ден со активности за уреден и еколошки училишен двор. Учениците и вработените во Гимназијата засадија 19 садници зимзелени и листопадни дрвја и даесетина китки сезонски цвеќиња.
МАРТИН НИКОЛОВСКИ ДРЖАВЕН ПРВАК ВО ШАХ
На државниот натпревар во шах за
средношколци, во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија,
нашиот Мартин, го освои првото место, без ниту една загубена партија.
Повелете во нашата Гимназија, на партија шах со Мартин.
ДЕН НА ДРВОТО
240 Гимназијалци и професори, беа вклучени во акцијата за пошумување, во близина на железничката линија северо - западно од Прилеп. Учениците и професорите засадија околу 1200 садници на јасен.
Останатите ученици, професори и техничкиот персонал го уредуваа училишниот двор.
НАГРАДИ ЗА ПОЕЗИЈА И ПРОЗА
По повод месецот на книгата, на
10ти и 11ти ноември, во Градската библиотека „Борка Талески“ се одржаа
натпревари на кои нашите ученици освоија:
Димкоски Филип - прво место за
најдобра песна; Трајкоска Милена - второ место за најдобра песна; Матеска
Наталија - прво место за најдобар расказ; Јагуриноска Теодора - второ месо за
најдобар расказ, а Зероска Мартина освои третото место за рецитирање.
ЧЕТИРИ МЕДАЛИ ЗА НАШИТЕ ГИМНАЗИЈАЛЦИ
На државното карате првенство за средношколци во Кичево нашата Гимназија учествуваше со четири натпреварувачи. Сите четири освоија медали. Сестрите Мишела и Маријана Димески, се натпреваруваа во финалето и ги освоија првото и второто место, а на трето место заврши Марија Зероска.
Бојан Димески во својата категорија го освои второто место.
НАЈПРЕЦИЗЕН СТРЕЛЕЦ ВО МАКЕДОНИЈА
Гимназијалката Ангела Стојаноска, на државното првенство во стрелање со воздушна пушка, во Охрид, го освои златниот медал. Од 20 пукања, Ангела 12 пати погоди центар, со што зд себе ги остави останатите триесетина учесници на првенството.
ОДБЕЛЕЖАН ПРАЗНИКОТ СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ
Во рамките на одбележувањето на државниот празникот Св.Климент Охридски, со свои активности се вклучија и нашите гимназијалци. Пред насобраниот народ кај Параклисот Св. Никола, се претставија неколку од нашите рецитатори.
ОБУКА НА ПРОФЕСОРИТЕ
На 08 и 09.02.2013г. во нашето училиште во организација на БРО се спроведе обука за наставниците на тема „Современи методи во наставата, активно вклучување на учениците и поттикнување на нивната креативност“.
Во десет часа, професорите теоретски и практично се обучуваа за примена на нови методи и техники во образовниот процес.
ИНТЕРНЕТ НИЗ ЛИКОВНИ ДЕЛА
Креативните гимназијалци Филип Мирчески и Ангела Маркоска, со своите ликовни дела изработени на часовите по ликовна уметност кај професорката Виолета Блажеска, учествуваа на награден конкурс на еден телекомуникациски оператор во Македонија и освоија Note book компјутер. Тие со своите дела го претставија „Интернетот како храна“ и од 400-те учесници, заслужено ја освоија наградата.
Натпревар - НАНОМАТЕРИЈАЛИ
На 21.02.2013год. нашата Гимназија беше домаќин на регионалниот натпревар организиран од Министерството за образование и наука, и Технолошко - металуршкиот факултет при Универзитетот Св.Кирил и Методиј, на тема НАНОМАТЕРИЈАЛИ.
На натпреварот учествуваа 22 натпреварувачи од четири училишта од Прилеп и Крушево.
ГРИЖАТА НА НАШЕТО ОПШТЕСТВО ЗА МАКЕДОНСКИОТ СТАНДАРДЕН ЈАЗИК
По повод Денот на мајчиниот јазик, на 21 Февруари во нашето училиште се одржа трибина на тема: Грижата на нашето општество за македонскиот стандарден јазик. Гости на трибината беа д-р Љупчо Печијарески, социолог, професор на Економскиот факултет во Прилеп; Елизабета Филипоска, новинар, директорка на ТВ Канал Визија и
м-р Душица Неделкоска, новинар. Модератор на трибината беше проф. Емона Јованоска.
ПРВО МЕСТО ЗА ГИМНАЗИСКИТЕ УЧЕСНИЦИ НА КАРНЕВАЛОТ ПРОЧКА 2013 год. за СОВРЕМЕНА ГРУПНА МАСКА „181 ДАЛМАТИНЕЦ“
МАТЕМАТИЧАРИТЕ - ГОРДОСТ НА ГИМНАЗИЈАТА
На 56-тиот државен натпревар по
математика кој се одржа во Скопје на 16.03.2013 год. Нашите ученици освоија едно
прво, две втори и едно трето место.
Антониј
Мијоски
освои прво место. Ментор проф. Маријана Спиркоска
Стефан
Николоски освои второ место. Ментор проф. Калина
Секулоска
Марко Маркоски
освои второ место. Ментор проф. Афродита Стефаноска
Виктор
Стојчески освои трето место. Ментор проф.
Евгенија Нешкоска
НОВИ УСПЕСИ НА НАШИТЕ УЧЕНИЦИ
Од 49тиот државен натпревар „Млади истражувачи, нашите гимназијалци се вратија со 6 освоени награди.
УШТЕ ДВЕ НОВИ НАГРАДИ
Во конкуренција од 42 учесници од цела Македонија, нашиот ученик Филип Димкоски
од трета година, освои трето место за НАЈДОБРО ONLINE КАРИЕРНО ПОТФОЛИО на
натпреварот организиран од МАССУМ.
На образовното рандеву во Тетово, на Филип и на неговиот ментор проф. Гоце Ѓорѓиоски, свечено им беа доделени сертификатите и медалите.
На конкурсот „Млади репортери за животната средина“ организиран од граѓанското здружение ОХО, Филип освои второ место за НАЈДОБРА НОВИНАРСКА СТАТИЈА. Статијата на Димкоски се оденсува на загаденоста на градската река во Прилеп и начините за подобрување на состојбата. На конкурсот пристигнале 52 новинарски стати, видеа и фотографии, а се оценувани од професионални новинари од повеќе медиуми во земјава.
Ментор на Филип Димкоски, му беше проф. Анкица Стеваноска-Јанческа.
ТРЕТО МЕСТО ПО ИСТОРИЈА
На државниот натпревар по историја, одржан на 11.05.2013 во Ресен, нашиот
ученик Петар Митрески го освои третото место. Ментор му беше проф. Никола
Толоманоски.
ПРВО МЕСТО ПО ГЕОГРАФИЈА
Прво место за Никола Момироски на државниот натпревар по географија. Ментор на
Никола му беше проф.Владо Чакароски.