Гимназија лого

СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ

ГИМНАЗИЈА „МИРЧЕ АЦЕВ“ ПРИЛЕП

  • Нашето училиште
  • Најуспешните
  • fest
  • gimfest2016
  • gimfest
  • hor
  • naslovna6
  • бенд
  • бенд
  • odbojka
  • oratори
  • procka
  • на театарска претстава
  • trash
naslovna-31 naslovna-22 fest3 gimfest20164 gimfest5 hor6 naslovna67 bend28 bend19 odbojka10 orat11 procka12 svejk13 trash14

ЗА УЧИЛИШТЕТО

Гимназијата „Мирче Ацев“ од Прилеп е најстарото средно училиште во градот и едно од најстарите во Македонија. Основана е со решение на Президиумот на АСНОМ на трети ноември 1944 год.

gimnazija prilep

Низ гимназиските училници учеле многу ученици кои станале успешни во животот. Многу судии, адвокати, професори, бизнисмени, политичари, доктори, научници, новинари, уметници ... од нашиот град кои живеат и работат во градот, државата или по светот, се токму ГИМНАЗИЈАЛЦИ.

Гимназијата денес е современо училиште кое од ден во ден се унапредува и држи чекор со времето и современите текови.

Гимназијата е едно од водечките училишта во Македонија и регионот.

Во училиштето настава изведуваат квалитетни професори кои се сакани и ценети од учениците, родителите и локалната средина.

биди гимназијалец

ЗОШТО ГИМНАЗИЈА

Затоа што единствено гимназијалците, по завршувањето на гимназиското образование, имаат можност да студираат буквално на секој факултет во земјава или во странство.

Затоа што гимназијалците имаат право на избор кои предмети  сакаат да ги изучуваат и тоа со изборот на проектни активности, со изборните предмети и со изборот на предмети за полагање на Матура.

Затоа што гимназијалците постигнуваат највисоки резултати на многуте меѓународни, државни регионални или локални натпреварувања.

tenis fudbal

Затоа што гимназијалците постигнуваат највисоки резултати на Државната матура.

Затоа што гимназијалците ги развиваат талентот и креативноста. Пишуваат книги, пеат, рецитираат, музицираат, танцуваат, сликаат, фотографираат, снимаат документарни или играни филмови, прават цртани филмови, дизајнираат веб страни, се маскираат за Прочка, одат на екскурзии по Европа и пошироко....

Поезија богородичната гимфест

Затоа што гимназијалците имаат ГИМФЕСТ.

Затоа што гимназијалците имаат фитнес сала, повеќенаменско игралиште, тениско игралиште и едвај чекаат да дојде час по спорт.

Затоа што гимназијалците имаат музички групи, спортски екипи, балетски групи ...

И што уште не ...

ЗАТОА
биди гимназијалец

КАКО ДА СТАНЕШ ГИМНАЗИЈАЛЕЦ

Во учебната 2020/2021 год. во прва година во СОУ Гимназија Мирче Ацев со настава на македонски јазик и кирилско писмо ќе се запишат според наставните планови и програми за Гимназиско образование - 306 ученици во 9 паралелки со минимум 60 поени.

Полуматурантите кои сакаат да се запишат во Гимназијата „Мирче Ацев“ Прилеп, ќе треба на 16, 17 и 18 јуни 2020 год. од 07:00 до 19:00 часот да дојдат во училиштето. 

Запишувањето според Протоколот на Министерството за образование и наука за упис на учениците оди по следниот редослед, ПО АЗБУЧЕН РЕД НА ПРЕЗИМЕТО и тоа:

- на 16 јуни ќе се запишуваат учениците со презимиња кои започнуваат од А до Ѕ;
- на 17 јуни ќе се запишуваат учениците со презимиња кои започнуваат од И до П;
- на 18 јуни ќе се запишуваат учениците со презимиња кои започнуваат од Р до Ш;
- на 19 јуни сите ученици кои поради различни причини не успеале да се запишат во претходните три термини, без разлика на презимето.

Со себе да носат:

  • Оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
  • Извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавање)
  • Пријава за запишување во прва година (Пријавата е бесплатна и истата учениците ќе ја добијат заедно со свидетелството за деветто одделение, или можат да ја преземат од овој линк)

При уписот строго ќе се почитуваат правилата за заштита од Ковид 19 заразата, со задолжително носење на заштитни маски и држење на растојание од 2 метри.

Резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 19 јуни 2020 година.

Второто пријавување од јунскиот уписен рок и запишување на учениците ќе се врши на 24 и 25 јуни, 2020 год., а резултатите и слободните места ќе се објават на 26 јуни, 2020 година.

     Третото пријавување  и  запишување  на  учениците  ќе  се  врши  на 29 јуни 2020 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 30 јуни 2020 година.

Прочитајте го огласот за запишување на ученици во прва година во учебната 2020-2021 година

биди гимназијалец

 

ГИМФЕСТ

гим-фест
gimfest 2018
gimfest 2017
gimfest 2016
gimfest 2015
gimfest 2014
gimfest 2013
gimfest 2012

Контакт

Контакт:



Средно општинско училиште

ГИМНАЗИЈА „МИРЧЕ АЦЕВ“ - Прилеп

Ул.„Прилепски бранители“

бр. 96а

7500 Прилеп


тел/факс: ++38948425841


e-mail контакт



Гимназијата на:


facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo

Контакт форма:







Пресметај:


Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2020
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.
гимназија