ЗОШТО ГИМНАЗИЈА
Гимназијата „Мирче Ацев“ од Прилеп е најстарото средно училиште во градот и едно од најстарите во Македонија. Основана е со решение на Президиумот на АСНОМ на трети ноември 1944 год.
Низ гимназиските училници учеле многу ученици кои станале успешни во животот. Многу судии, адвокати, професори, бизнисмени, политичари, доктори, научници, новинари, уметници ... од нашиот град кои живеат и работат во градот, државата или по светот, се токму ГИМНАЗИЈАЛЦИ.
Гимназијата денес е современо училиште кое од ден во ден се унапредува и држи чекор со времето и современите текови.
Гимназијата е едно од водечките училишта во Македонија и регионот.
Во училиштето настава изведуваат квалитетни професори кои се сакани и ценети од учениците, родителите и локалната средина.
Ако се прашувате кое средно училиште да го одберам, каде да се запишам. Одговорот е Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп. Зошто?
Затоа што единствено гимназијалците, по завршувањето на гимназиското образование, имаат можност да студираат буквално на секој факултет во земјава или во странство.
Гимназијалците нема да полагаат академски тест за упис на факултет. Директно се запишуваат на факултетот кој го избрале.
Затоа што гимназијалците постигнуваат највисоки резултати на многуте меѓународни, државни регионални или локални натпреварувања.
Ова се само дел од успесите на гимназијалците. Повеќе види во нашата архива.
Зошто гимназија?
Затоа што гимназијалците се најдобрите и најуспешните спортисти.
Ова се само дел од спортските активности на гимназијалците. Повеќе види во нашата архива.
Зошто гимназија?
Затоа што гимназијалците прават хумани дела.
Ова се само дел од хуманитарните активности на гимназијалците. Повеќе види во нашата архива.
Зошто гимназија?
Затоа што гимназијалците ги развиваат талентот и креативноста. Пишуваат книги, пеат, рецитираат, музицираат, танцуваат, сликаат, фотографираат, снимаат филмови, прават цртани филмови, дизајнираат веб страни, учат демократија право и политика, се маскираат за Прочка, се грижат за животната средина, ја негуваат традицијата, одат на екскурзии низ Македонија, Европа и пошироко ...
Ова се само дел од активностите на гимназијалците. Повеќе види во нашата архива.
Погледнете го видеото со најдолг аплауз од публиката! ТОА СЕ НАШИТЕ ГИМНАЗИЈАЛЦИ!
Ова е само еден видео запис од активностите на гимназијалците, повеќе погледнете на нашиот Yоutube канал!
Зошто гимназија?
Затоа што од гимназијата произлегуваат најуспешните програмери, барани низ Европа и во светот.
Затоа што гимназијалците имаат ГИМФЕСТ.
Затоа што гимназијалците постигнуваат највисоки резултати на Државната матура.
Затоа што гимназијалците имаат право на избор кои предмети сакаат да ги изучуваат и тоа со изборот на проектни активности, со изборните предмети и со изборот на предмети за полагање на Матура.
И што уште не ...
ЗАТОА
Во учебната 2022/2023 год. во прва година во СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ со настава на македонски јазик и кирилско писмо ќе се запишат според наставните планови и програми за Гимназиско образование - 306 ученици во 9 паралелки со минимум 60 поени.
Полуматурантите кои сакаат да се запишат во Гимназијата „Мирче Ацев“ Прилеп, ќе треба на на 14 јуни до 24.00 часот и на 15 јуни 2022 година до 15:00 часот електронски да се пријават преку линк на порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци, преку сопствените кориснички сметки на Schools.mk (корисничкото име и лозинката од Microsoft Teams).
Прелиминарната ранг листа на запишани ученици се објавува на 16 јуни 2022 година на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет страната www.mon.gov.mk најдоцна до 09:00 часот.
Потоа, откако електронски сте се пријавиле и сте избрале СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп, дококлу ве има на прелиминарната ранг листа со запишани ученици објавена на 16 јуни до 09:00 часот, истиот ден од 12.00 до 19.00 часот и на 17 јуни од 07.00 часот до 19.00 часот, ќе треба да дојдете во Гимназијата и да ги доставите оригиналните документи:
- Оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
- Извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавање)
- Пополнета пријава за запишување во прва година
Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објави на 18 јуни 2022 година, најдоцна до 12.00 часот на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.
Второто пријавување на учениците ќе се врши на 21 јуни до 24.00 часот ина 22 јуни 2022 година до 15:00 часот. Прелиминарната ранг листа на запишани ученици се објавува на 23 јуни 2022 година на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет страната www.mon.gov.mk најдоцна до 09:00 часот.
Доставувањето на потребената документација во училиштето е на 23 јуни од 12.00 до 19.00 часот и на 24 јуни од 07.00 часот до 19.00 часот
Третото пријавување на учениците ќе се врши на 28 јуни до 24.00 часот. Прелиминарната ранг листа на запишани ученици се објавува на 29 јуни 2022 година на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет страната www.mon.gov.mk најдоцна до 09:00 часот.
Доставувањето на потребената документација во училиштето е на 29 јуни од 10.00 до 19.00 часот
Прочитајте го во целост огласот за запишување на ученици во прва година во учебната 2022-2023 година
Средно општинско училиште
ГИМНАЗИЈА „МИРЧЕ АЦЕВ“ - Прилеп
Ул.„Прилепски бранители“
бр. 90-Б
7500 Прилеп
тел/факс: ++38948425841