СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

ЕКО СТРАНА

Copyright © 2013 www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

ЕКОЛОШКА АКЦИЈА 2012

 

Програмата Еко-училиште е интернационална програма на Фондацијата за еколошка едукација (ФЕЕ) која се спроведува од 52 земји од целиот свет. Таа е насочена кон менаџирање на воспитно-образовните институции на начин кој не и наштетува на животната средина.

  Во Република Македонија, Здружение на граѓани ОХО е национален координатор за програмата Еко-училиште и истата, во соработка со МОН, се спроведува како дел од Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен сиситем“.

 ФЕЕ на 07.11.2012 година организираше  светски „Ден на акција“ за сите училишта кои ја спроведуваат оваа програма.

 Со таа цел и С.О:У. Гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп се вклучи во оваа  акција со тема на акцијата – Уреден и еколошки училишен двор.

  Во акцијата се вклучија  70 ученици од Гимназијата, 10 професори и 5-мина од техничкиот персонал. Координатор на оваа еколошка акција е проф. Анкица  Стеваноска Јанческа.

 Еколошката акција започна во 8.00 часот со траење од околу 3 часа. Прво се работеше на подготвување на земјата каде ќе се садат сезонски цвеќиња (копање, чистење од трева и ситнење)  и копање на дупки за засадување на дрвја. Имено се засадија 19 дрвја кои се набавени од ЈП „Македонски шуми“ и тоа : 5 брези,  2 аризонски  чемпреси, 4 туи, 5 медоносни дрва и 3 каталпи. Се засадија и 17 китки сезонски цвеќиња покрај патеката за влез во училишната зграда.

 На крајот се исчисти целиот отпад од училишниот двор: сува трева, суви гранки, суви цвеќиња  и сл.  

 Со оваа креативна еколошка акција нашето училиште го даде својот придонес кон заштита и уредување  за подобра  животната средина.

ЕКОЛОШКА АКЦИЈА 2013

Во петокот на 04.10.2013 во СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп се спроведе еколошка акција во рамките на проектот „Македонија без отпад 2013“ . Во оваа акција учество зедоа 70 ученици од I до IV година и 9 професори. Цел на еколошката акција беше чистење и отстранување на отпадот од училишниот двор а со тоа и развивање на свеста кај учениците за чиста и здрава животна средина.

Фотографии од акцијата:

Ученикот Филип Димкоски од  IV-3, беше дел од групата на петмина млади репортери на Интернационалното собрание на национални оператори што се одржа во Охрид од 17 до 20 октомври.

На ова собрание беа присутни координатори на прокграмата Еко-училишта од 57 земји. Филип  беше единствен претставник од Прилеп, во улога на репортер.

Тој напиша статија за  активностите на собранието и направи интервјуа со претставници од неколку држави, со преставници од МОН и невладината организација  ОХО кои се организатори на настанот, но и со директорката на светската организација ФЕЕ (Фондација за еколошка едукација)  Брет Конели  која ја спроведува програмата  Еко-училишта.

Димкоски доби втора награда на национално ниво за новинарска статија и имаше улога на репортер на летниот еко-камп на планината Голак, кој се одржа летово.

Ментор на Димкоски, во активностите од екологијата му е професорката Анкица Стеваноска-Јанческа.

МЛАДИ ЕКО РЕПОРТЕРИ

27.11.2013 Акција за пошумување

„Засади здравје! Засади иднина!“

И гимназијалците активно се вклучија во акцијата за пошумување. Учениците од прва и втора година пошумуваа на месноста „Кукул“ во близина на вештачкото езеро, а учениците од трета и четврта година спроведоа акција за засадување на украсни дрва во училишниот двор. Со оваа акција учениците и професорите ја подигаат еколошката свест, ја разубавуваат и чуваат природната средина и секако прават Гимназијата да го има најубавиот и најзелен училишен двор кој е пријатно место за одмор и на учениците и на професорите и на добронамерните гости и посетители на училиштето.

 

Неколку слики од акцијата направени од нашите ученици Андреј Станкоски, Христијан Јанкоски и Алек Нешкоски:

06.12.2013 Акција за засадување на дрвја

 

Зелен појас околу гимназискиот двор

 

На ден 6.12.2013г во гимназискиот двор се засадија околу 70 дрвја. Целта на оваа акција беше да се збогати просторот околу училиштето со зеленило, со цел идните генерации да уживаат во чист воздух и пријатна атмосфера. Две третини од засадените дрвја се каталпи, а по една третина маслинки и брези.

Во оваа акција учестуваа поголем број ученици кои доброволно сакаа да помогнат во засадувањето. Во акцијата вклучени беа и војници од прилепската Касарната „Мирче Ацев“ како и од вработените од Јавното Комунално претпријатие.

Сето ова беше иницијатива на директорот на Гимназијата г-дин Кире Николоски, заедно со дел од професорите кои вложија многу труд, а и време за реализација на овој проект.

Засадувањето се одвиваше на источниот и северниот дел од гимназискиот двор, во близина на оградниот ѕид.

„Кога се работи за нашата иднина немаме мака“– рекоа учениците.

„Се надеваме дека можеби тука ќе пронајдеме некое скриено богатство“– коментираа низ шега ... можеби и тоа им беше мотивот така брзо и ефикасно да ја изведат акцијата.

 

Исто така, Гимназијата ја посети и градоначалникот на Прилеп, г-дин Марјан Ристески, кој беше задоволен од акцијата. Изјави дека со засадувањето на овие дрвја ќе се формира еден зелен појас кој ќе и дава нов и поубав лик на Гимназијата. Ни ги најави и следните проекти кои се во план на Локалната самоуправа на градот Прилеп во врска со Гимназијата, а тоа се: тениско игралиште во предниот дел на Гимназијата, амфитеатар, одбојкарско игралиште, патека за трчање, атлетска патека во задниот дел на Гимназијата кој треба да се потполни, како и парк наменет за пауза на професорите и вработените. Исто така Градоначалникот изјави дека во текот на следните 3-4 години во план е промена на дограмата со што ќе се добие звучна и термо изолација. Гимназијата ќе добие и нова фасада и ќе прерасне во едно од најубавите средни училишта во државава.

 

       Гим веб тим

 

Михаела Кебакоска, Марија Блашкоска и Искра Шојлеска

 

 

Погледнете неколку фотографии од акцијата направени од ученикот Христијан Јанкоски