МК | EN | FR | DE
(Ајде да одиме понатаму – Подобрување на дигиталните вештини и развивање интегрирани курикулуми)
“Let’s go further - Improving digital skills and developing an integrated curriculum” (Ајде да одиме понатаму – Подобрување на дигиталните вештини и развивање интегрирани курикулуми) е проект на нашето училиште СОУ Гимназија “Мирче Ацев” Прилеп во рамките на ERASMUS+ програмата, финансиски поддржан од Европската Унија и менаџиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
Во проектот се вклучени две мобилности на наставници од нашата гимназија. Мобилностите опфаќаат обуки за развивање интегриран курикулум во Вантаа/Хелсинки, Финска и подобрување на дигитални вештини во Утрехт/Амстердам, Р. Холандија.
Тимот од двајца професори за реализација на овој проект го сочинуваат Марина Попоска - професор по физика (координатор на проектот) и Габриела Пацаноска - професор по Италијански јазик и Англиски јазик.
Во подготвителната фаза се одржуваа состаноци во просториите на училиштето, on line состаноци, средби, консултации и договори на тимот. На состаноците во подготвиталната фаза, координаторот на проектот Марина Попоска презентираше за целите и придобивките од обуките, како и за културните и националните знаменитости на државите - домаќини каде се одржуваа обуките.
Во рамките на проектот, професорката Габриела Пацаноска, во периодот од 5-11 Мај, 2019 престојуваше во Вантаа/Хелсинки, Финска каде присуствуваше на обука со наслов “Integrated curriculum - Teaching global skills”. На оваа обука имаше учесници - професори и од Шпанија, Италија, Литванија, Србија, Грција, Холандија и Бугарија. На обука со наслов ”Digital turn - How to make your school more digital”, во периодот од 26Мај-1Јуни, 2019 учествуваше професорката Марина Попоска во Утрехт/Амстердам, Р. Холандија. На оваа обука, покрај претставникот од нашето училиште, учествуаа и професори од Италија, Норвешка, Романија, Шпанија, Грција, Полска, Литванија и Германија.
Професорите беа активно вклучени во реализација на обуките, каде преку работилници и интерактивно учење се стекнаа со нови знаења за интегрирање на наставните планови и програми и дигитални вештини за модернизирање на наставата во 21от век.
Целта на обуките е зголемување на знаењето и вештините на наставниот кадар во областа на интегрирани курикулуми и дигитални знаења и вештини во насока на зголемување на мотивацијата и интересот за учење на учениците во новата дигитална ера.
При реализацијата на обуките беа посетени и училишта во земјите - домаќини, каде учесниците на обуките беа запознати со наставните програми и планови на образовните системи во Финска и Холандија, како и условите за одвивање на наставата во просториите на училиштата. Посетени беа училиштата Yhtenäiskoulu Helsinki и Varia Vocational College во Хелсинки и училиштето Berlage Lyceum Amsterdam во Амстердам.
Нашите професори, во Вантаа и Утрехт, презентираа за нашето училиште, градот, регионот и нашата држава.
Како дел од агендата, на секоја од обуките, беше организирано туристичко разгледување и посета на некои позначајни културно историски знаменитости на Хелсинки и Амстердам.
Повеќе информации на следната врска: https://www.facebook.com/Lets-go-further-2062529677167510/
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.