МК | EN | FR | DE
29.08.2020
Врз основа на главната цел на проектот “Walk Through Science” - промовирање на природните науки и нивната меѓусебна поврзаност, наставниците што се вклучени во проектот од сите партнер училишта за таа цел изработија:
I) Водич “Teaching with Technology”, во кој се објаснети неколку ИКТ алатки кои можат да се користат при реализација на наставата за природните науки. Водичот можете да го разгледате на следниот линк: Teaching with Technology
II) Прирачник “Learning Maths and Science” во кој се презентирани неколку интересни наставни содржини од наставниците со цел да се прикаже учењето и поврзаноста на Математиката и другите природни науки. Прирачникот можете да го погледнете на следниот линк: Learning Maths and Science
Исто така од сите слики со тема “Physical Phenomena” што ги подготвија учениците од сите партнер училишта, се изработи фото албум кој можете да го разгледате на следниот линк: Photo album - Physical Phenomena
Од страна на македонскиот тим се изработи и второто издание на Дигитален магазин за активностите што се реализираат на Транснационалната средба за учење, настава и активности за обука во Ирска (користејќи статии изработени од учесниците на оваа средба). Дигиталниот магазин можете да го разгледате на следниот линк Дигитален магазин бр.2
Сите документи (постери, флаери, магазини, презентации, прирачници и сл.) што се изработуваат како дел од активностите на овој проект се поставени и на eTwinning платформата на следниот линк twinspaceWTS
Дополнителни информации за одржанитеТранснационални средби за учење, настава и активности за обука можете да најдете и на facebook страната на следниот линк facebookWTS
12.01.2020
Како дел од активностите на проектот “Walk Through Science” во месеците октомври, ноември и декември 2019 год., учениците од нашето училиште што се вклучени во проектот изработи ја:
I) Презентација на тема “MathScience oriented companies in my city/region/country”, со цел на другите ученици и професори од партнер училиштата да им презентираа дел од компаниите во нашиот град и држава, кои во рамките на своето работење имплементираат процеси поврзани со природните науки. Презентацијата можете да ја погледнете на следниот линк: MathScience oriented companies in my city/region/country
II) Презентација за нивната посета во месец ноември на Манифестацијата „Месец на науката“ на Природно математичкиот факултет во Скопје. Презентацијата можете да ја погледнете на следниот линк: Visit to the Local Science Centre
III) Два експерименти во областа на хемијата со помош на професорката Ружа Ангелеска, со наслов „Trick or Science?”, а со цел истражување на некои природни појави преку хемиски реакции. Едниот експеримент покажува пример како се добива Бенгалскиот пламен кој се среќава кај пиротехничките производи и можете да го погледнете на линкот: Bengal flames, а другиот експеримент покажува каква реакција прават киселите дождови врз шеќерите во живите организми. Филмот можете да го погледнете на следниот линк: What happens after acid rain
IV) фотографии со физички феномени што ги прави сончевата светлина, водата и сл. Сликите можете да ги разгледате на следниот линк: Photo – Physical Phenomena
07.10.2019
Од 23.09.2019 до 27.09.2019 год. се реализира Транснационална средба за учење, настава и активности за обука - краткорочнa разменa на групи ученици во Killorglin - Ирска, како активност C4 од проектот “Walk through Science” од Erasmus+ програмата. Домаќин на настанот беше партнер училиштето Killorglin Community College, а од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ присуствуваа ученици од прва и втора година и тоа: Сергеј Паноски, Горазд Попоски, Веселина Јованоска, Петар Петрески и наставниците Анкица Стеваноска Јанческа и Марина Попоска.
На оваа транснационална средба исто така присуствуваа ученици и наставници од партнер училиштата од Полска, Шведска, Реунион – Франција, како и наставници и ученици од училиштето домаќин.
За време на партнерската посета во Ирска се реализираат следните активности:
- запознавање со наставниците и учениците вклучени во проектот, запознавање со лабораториите во училиштето
- лекција на Flipgrid (веб-страница што им овозможува на наставниците и учениците полесни видео дискусии за време на наставата)
- час по математика во компјутерска лабораторија, часови по географија и англиски јазик, час со користење на Math Khan Academy платформата
- учење за екологија со посета на производител на сирење во фарма и посета на локална пекара (наука и храна)
- екскурзија за откривање на локалната историја, наследство и култура: музеј Kerry Country Museum во Tralee и Blennerville ветерница во Dingle
- примена на математиката во физички активности - фитнес тестови и собирање на податоци за анализа, реализација на работилница за статистика во компјутерска лабораторија - учење базирано на проекти со користење на статистика и „реални“ податоци генерирани за време на фитнес тестовите
- географска и историска екскурзија - поврзано со природните науки: тура до светилникот на островот Valentia, каменоломот на островот Valentia, како и посета на фабриката за чоколади „Skellig“
- завршна церемонија на средбата - со традиционална ирска музика и танцување
Учесниците на оваа средба се запознаа со користење на различни методи и форми при учење на природните науки, особено различни методи на ангажирање на учениците при развој на теми од науката и математика и тоа во учење, соработка и користење на дигитални технологии засновани на проекти во STEM концептите. Исто така учесниците го практикуваа и подобрија нивото на англискиот јазик, се запознаа со нова култура и стекнаа нови искуства во меѓународно опкружување.
18.08.2019
Како дел од активностите на проектот "Walk Through Science" , учениците од нашето училиште што се вклучени во проектот изработи ја:
1) Есеи на тема "My Career in Science", кои можете да ги прочитате на следниот линк: My Career in Science
2) Статии на тема "Science and Technology Today" како дел од Магазинот - Science and Technology Today кој ќе биде изработен од сите ученици од партнер училиштата – вклучени во овој проект.
Изработените статии можете да ги прочитате на следниот линк: Science and Technology Today
3) Дигитален магазин за активностите што се реализираат на Транснационалните средби за учење, настава и активности за обука во Реунион (Франција) и Шведска (користејќи статии изработени од учесниците на овие средби). Дигиталниот магазин можете да го разгледате на следниот линк : Дигитален магазин бр.1
24.04.2019
Од 01.04.2019 до 05.04.2019 год. се реализира Транснационална средба за учење, настава и активности за обука - Краткорочнa разменa на групи ученици во Sollentuna - Стокхолм – Шведска, како активност C3 од проектот “Walk through Science” од Erasmus+ програмата.
Домаќин на настанот беше партнер училиштето Klara Gymnasium - Sollentuna, а од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ присуствуваа ученици од втора година и тоа: Александар Петрески, Стефанија Секулоска, Петар Ванчев, Михаил Стојкоски и наставниците Анкица Стеваноска Јанческа, Ружа Ангелеска и Евгенија Нешкоска.
На оваа транснационална средба исто така присуствуваа ученици и наставници од партнер училиштата од Полска, Ирска, Реунион – Франција, како и наставници и ученици од училиштето домаќин.
За време на партнерската посета во Шведска учесниците се фокусираа на екологијата и проблемите со животната средина, како и запознавање со шведската природа и некои од еко системите околу Стокхолм и Упсала.
Според предвидената програма успешно се реализираат сите активности и тоа:
- Посета на училиштето-домаќин, презентација на учениците и наставниците
- Запознавање со програмата за природни науки во шведската Гимназија и прошетка во Стокхолм - стариот дел на градот – Gamla Stan со реализација на квиз „Што научив за Стокхолм“
- Посета на музејот Биотопија во Упсала за да се дознае повеќе за природата (флора и фауна) во Шведска и посета на Gamla Uppsala музејот
- Посета на Еркен езерото и лабораториската станица - дел од Универзитетот во Упсала, каде се прават анализи на примероци од водата од околното езеро, при што имавме презентација од универзитетски професор кој извонредно го опиша и објасни феноменот на замрзнатото езеро, како и флората и фауната која живее во него.
- Истиот ден го посетивме и Vikingabyn Storholmen - импровизација на населба од време на Викинзите, каде што ни беше доловено времето во кое тие живееле
- Прошетка во " National city park " со фокусирање на еколошките прашања (флората и фауната во паркот) и услуги за екосистемот во Шведска.
- Посета на Нобеловиот музеј и Природно научниот музеј во Стокхолм
- Лабораториски активности на учениците во училиштето - домаќин и размена на добри практики помеѓу наставниците и учениците.
Учесниците на оваа средба се запознаа со нови култури, различни начини на учење на природните науки, го практикуваат и подобруваат својот англиски јазик и ги прошири ја своите ставови кон светот. Сето ова го зголеми интересот кај учениците за природните науки, нивното вклучување во училишните активности и ангажирање во целата програма за природни науки, додека наставниците имаа можности да ги развијат своите наставни методи и научија нови начини за ангажирање на своите ученици во наставниот процес.
Учениците и наставниците при оваа средба се запознаа со нови идеи за тоа како да се справат со важни прашања поврзани со животната средина кои можат да се појават при учење / предавање во одредни области од природните науки.
24.02.2019
Од 11.02.2019 до 15.02.2019 се реализира Транснационална средба - краткорочна заедничка обука на наставници во Reunion Island – Франција, како активност C2 од проектот “Walk through Science”. Како домаќин на настанот беше партнер училиштето College Trios Mares – Le Tampon , Reunion Island - Франција, а од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ присуствуваше координаторот на проектот “Walk through Science” проф. Анкица Стеваноска Јанческа.
На транснационалната средба наменета за учење, настава и активности за обука, присуствуваа и координаторите од партнер училиштата од Полска и Ирска, како и наставници и ученици од училиштето домаќин.
На оваа средба се реализира следните активности:
1. Откривање на локалните рецепти и како тие се потготвуваат – организирано од страна на ученици, родители и наставници за добредојде во училиштето.
2. Настава во природа со експериментирање и прошетка кај вулканот “Piton de la Fournaise” кој е сеуште активен на висина од 2,632 m и вулканот “Piton des Neiges” кој не е активен, како и посета на Вулканскиот музеј во Реунион.
3. Настава во природа - истражување за геологијата на островот Реунион со посета на природните пештери направени од вулканот “Piton de la Fournaise”.
4. Посета на часови по математика, англиски јазик и биологија во училиштето домаќин.
5. Посета на лабораторија за испитување и заштита на растенија - ванила, како и посета на мала плантажа со бурбон ванила.
6. Настава во природа – истражување за коралите во морето и животот околу нив, преку посета на два музеи покрај морето – едниот фокусиран на морски желки - музеј “Kelonia”, а другиот музеј за егзотични морски риби.
Сите овие научни активности - истражување и експерименти - овозможија да се прошири нашето работно искуство во меѓународно опкружување, а исто така наставата во природа покажа како ефикасно може да се учи надвор од училницата во вистинска научна средина.
04.01.2019
Во месец ноември се реализира гласање од страна на ученици и професори од сите пет партнер училишта вклучени во проектот “Walk through Science” за избор на зедничко и официјално лого за проектот. Избран е македонскиот предлог за официјално лого на целиот проект:
Во месец декември во рамките на активностите од овој проект, учениците од нашето училиште изработија математички Божикни картички со кои им честитаат Среќен Божик на сите партнери вклучени во проектот и на сите посетители на нашата веб страна. Изработените Божикни картички можете да ги разгледате на следниот линк: Maths Christmas Card
17.11.2018
Во проектот “Walk through Science” од Erasmus+ програмата, од пријавените 40 ученици, после извршената селекција вклучени се 20 ученици од прва и втора година од нашето училиште и тоа: од прва година - Попоски Горазд, Паноски Сергеј, Кузманоска Искра, Дамеска Елена, Јорданоски Владимир, Димовски Никола, Јованоска Дора, Илиовска Теодора, Костовска Јана, Апостолоска Ангелина, Младеноски Благоја, а од втора година – Овезоски Благоја, Секулоска Стефанија, Петрески Александар, Ванчев Петар, Јованоска Веселина, Гулабоски Александар, Петрески Петар, Стојкоски Михаил, Џамбазовска Стефана.
Според предвидените активности на проектот во месец септември учениците (поделени во групи) изработија 5 предлози за лого на проектот и тоа:
Потоа се реализира гласање од страна на учениците и професорите од нашето училиште што се вклучени во проектот и како заеднички предлог за лого на целиот проектот од нашето училиште е избрано Лого 4. Во месец ноември ќе има дополнително гласање за петте предлози на лога од училиштата партнери, така што финално ќе биде избрано едно лого за целиот проект.
Исто така во месец октомври учениците (поделени во групи) изработија 7 постери за науките – математика, физика, хемија, биологија и информатика, кои ќе бидат поставени во училниците каде што учениците реализираа настава, со цел да се промовираат MathScience дисциплините во нашето училиште.
Изработените постери можи да ги разгледате на следниот линк: Walk through Science
27.09.2018
Гимназијата “Мирче Ацев” се вклучи како партнер училиште во проектот “Walk through Science” одобрен од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во рамките на Програмата Еразмус+, во областа стратешки партнерства за училишни размени на добри практики, со времетраење од 01.09.2018 до 2020 год.
Главен координатор на проектот е училиштето “Liceum Ogolnoksztalcace nr XVII im Agnieszki Osieckiej” - Wroclaw - од Полска, а како други партнери во проектот се училиштата:
- “Killorglin Community College” - Kerry од Ирска
- “Collège Trois Mares” - Le Tampon/ Reunion Island од Франција
- “Mikael Elias gymnasium Sollentuna” – Stockholm од Шведска
Проектот " Walk through Science" е проект во областа на математиката, физиката, хемијата, компјутерски науки и технологија (MathScience дисциплини) и се однесува за средношколци и наставници.
Главните цели на проектот се:
- да се промовираат MathScience дисциплини
- да се развива знаењето на учениците во овие дисциплини
- да се зголеми нивото на познавање на англискиот јазик
- размена на добри практики во MathScience дисциплините меѓу партнер училиштата
- наставниците да стекнат нови искуства за нови предизвикувачки и интересни методи во наставата со овие дисциплини
Главни активности во проектот се:
- креирање на постери, флаери и сл. за промовирање на MathScience дисциплините
- пишување на есеи на тема “My carrier in Science”
- креирање на списание “Science and Technology Today”
- креирање на презентации на тема “MathScience oriented companies in my city/town/region/country”
- креирање на филмови на тема “Trick or Science?”
- креирање на фото албум “Physical phenomena”
- посети меѓу партнер училиштата со цел размена на добри практики во MathScience дисциплините (посети на група од ученици и наставници). При овие посети учениците ќе бидат сместени кај ученици од партнер училиштето што е домаќин на средбата, a патот, храната и други локални активности во земјата домаќин се финансирани од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во рамките на Програмата Еразмус+ преку грант што е доделен на нашето училиште.
Од нашето училиште во проектот се вклучени: Анкица Стеваноска Јанческа – професор по информатика, Марина Попоска – професор по физика, Ружа Ангелеска – професор по хемија и Евгенија Нешкоска – професор по математика.
Во проектот ќе бидат вклучени и ученици од прва и втора година од нашето училиште кои ќе бидат селектирани според нивните знаења во областа на математиката, физиката, хемијата или информатиката (имаат освоено награди / сертификати при учество во натпревари по овие предмети), како и тестирање за степенот на познавање на англискиот јазик.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.