Гимфест 2014 Гимфест 2014 Гимфест 2014

 

 

Фотографи: Ѓорѓи Десподов, Христијан Јанкоски и Бојан Илиески

Кратко интервју со Дарија Илиоска:

 

Дали ова е твој прв настап на Гим Фест?

-Не, оваа е трета година по ред да учествувам на оваа манифестација....ха,ха на трета мајка...

Дали очекуваше дека ќе бидеш пласирана на некое од првите места.?

-Искрено, очекував да земам некоја награда поради изборот на песната, но дека токму јас ќе бидам победникот, па и не баш. Размислував позитивно, но и бев спремна на спротивното. Секако дека надежта последна умира и можеби токму мојот оптимизам ме донесе на врвот оваа вечер.

Колку време се подготвуваше за овој настап?

-Оваа година нјмалку се подготвував, можеби поради собраното искуство од претходните години.

Кој ти помогна при изборот на песната?

-Оваа песна беше предлог од мојата мајка уште од мината година.

Од кого ја доби најголемата поддршка?

-Од моите најблиски, пријателите, мојата менторка, а особено ми значеше и поддршката од професорката по соло пеење.

Дали имаше трема?

-Да, пред секој настап имам трема, но самоконтролата ми помогна да ја совладам.

Каква беше конкуренцијата оваа година во однос на претходната година?

-Конкуренција во однос на тежината  на песната , оваа година беше помала, но секако постоеше.

Ти благодариме за интервјуто и ти посакуваме многу успех на музички план и воопшто во животот.

-Ви благодарам !

 

 

Михаела Кебакоска, Моника Андоноска, Петар Тодороски и Марија Блашкоска

ГИМ-ВЕБ ТИМ

Оставете коментар за Гимфест 2014

Гимфест 2014

Copyright © 2014 www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

Погледни повеќе за:

ГИМФЕСТ 2013

ГИМФЕСТ 2012

 

ГИМФЕСТ 2014

 

На  04.04.2014година во Центарот за култура „Марко Цепенков“ се одржа четвртиот по ред ГИМФЕСТ во оргнаизација на ученици и професори од Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп. Повторно гимназијалците покажаа дека има што да понудат на музички план. На сцената настапија 18 учесници, ученици од Гимназијата кои со своите изведби ја воодушевија публиката.

Настапија:

Водители на овогодинешниот ГИМФЕСТ беа: Теодора Кочоска, Бојан Јорданоски и Бојан Шлакески.

Пред почетокот сите учесници беа видно возбудени, некои настапуваа за прв пат, а на некои ова им беше втор или трет настап на гимназискиот фестивал.

Фестивалот го отворија специјалните гости, танцувачката хип-хоп група  BEATRIX CREW од Скопје со спектакуларна кореографија. Тие освиа прво место на Европскиот натпревар по хип-хоп танц, а првото гостување во Прилеп им остави многу добри впечатоци. Тие исто така настапија и во моментите кога се одлучуваше победникот.

Во големата конкуренција, жири комисијата во состав М-р Татјана Иваноска, претседател и членовите Наталија Гарбеска, Кире Гаралоски, Љупче Мирчески и Леонарда Богданоска Гиноска за најдобри ги одбра:

ТРЕТО МЕСТО : Марио Ангелевски

ВТОРО МЕСТО: Доротеа Дамјаноска

ПРВО МЕСТО:  ДАРИЈА ИЛИОСКА

Наградите на најдобрите им ги доделија Градоначалникот на Прилеп,  Г-дин Марјан Ристески и директорот на Гимназијата, Г-дин Кире Николоски.

 

Собраните сретства од фестивалот ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

 

Спонзори на ГИМФЕСТ 2014:

Гимфест 2014

Гимфест 2014

ПОЧЕТНА     ЗА ГИМФЕСТ     ФОТОГРАФИИ     ИНТЕРВЈУ СО ПОБЕДНИКОТ     КОМЕНТАРИ