гимфест 2013

  Во петок 04.05. 2012, во големата сала на Домот на културата „Марко Цепенков“, се случи голем музички фестивал на учениците од нашата Гимназија, кој имаше натпреварувачки карактер.

  Пред преполната сала, 22 натпреварувачи ги покажаа своите музички таленти вештини и гласовни способности. Секако дека и сценскиот настап на учесниците го дополнуваше впечатокот кај публиката.

  Се пееше во живо, а музиката беше претходно снимена. Песните беа по избор на самите натпреварувачи.

  Изведувачите будно ги следеше стручното жири составено од познати и признати музички имиња од нашиов град.

  Целиот настан беше збогатен со прекрасниот настап на виолинистката Пламенка Трајковска и нејзините три придружнички како и со балетските точки на балетските групи од нашата Гимназија.

  Сцената беше впечатлива, ведра, колоритна и разиграна со многу светлосни и визуелни ефекти.

  Озвучувањето од 2000W ја тресеше целата сала, но сепак најгласно беше навивањето за своите фаворити и  аплаузите на крајот на настапите или на „отворена сцена“.

  По двочасовната невидена забава, жирито ги соопшти резултатите по што следеше доделувањето на наградите.

   Целокупниот настан беше уловен од гимназиските фотографи и сниматели.

  Еве дел од фотографиите кои  ќе будат спомени кај  натпреварувачите и кај публиката.

 

Музички фестивал на учениците од нашата Гимназија

Во организацијата на „Гимфест 2012“ беа:

    Директорот на Гимназијата: Кире Николоски

    Проф. М-р. Татјана Иваноска: - аудиција, музичка подготовка, звучен запис, озвучување на фестивалот

    Проф. Николче Богданоски: - техничка организација, сценографија, визуелизација, интернет афирмација

    Проф. Емона Јованоска: - режија и сценарио

    ПроФ. Марта Макеска:- сценографија (просторно уредување)

    Проф. М-р. Маринко Шлакески: - односи со медиуми, координација

    Учениците од Младинската заедница од училиштето

 

Стручно жири беа:

    Татјана Иваноска: - професор по музичка уметност

    Славица Темелкоска: - професор по музичка уметност

    Ѕвонко Мирчески: - професор по музичка уметност

    Леонарда Богданоска Гиноска: - професор по пеење

    Дипл. архитект Бранко Нешкоски Бане: - докажан музичар - гитарист

    М-р. Маринко Шлакески: - професор, музичар и драматург

 

Спонзори на „Гимфест“ беа:

    Дом на културата „Марко Цепенков“

    Атко дизајн

    Печатница „Ацетони“

    Витаминка

    Туристичка агенција „Бран“

    „Конфи Ангел“ - Прилеп

    „ВЕРОМИ“ - озвучување и осветлување

Сите учесници беа победници на ГИМФЕСТ 2012, а наградите ги добија:

 

Димитар Темелкоски - со “Pumped Up Kicks”   -  ТРЕТО МЕСТО

 

Никола Дукоски - со „Моја драга“   -  ВТОРО МЕСТО

 

Михаела Мицеска - со „Кога те нема“ - ПРВО МЕСТО

 

СТЕФАН НЕДАНОСКИ со “Una furtiva lagrima” - GRAND PRIX

 

Фото:

Филип Ѓорѓиоски и Александар Ристески

Copyright © 2013 www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

Врати се на почетната страна