МК | EN | FR | DE
МАТУРА 2019
активности во јули и август
- Резултати и приговори во јунскиот испитен рок:
Резултатите од полагањето на испитите во јунскиот рок, на 05.07.2019 се објавени на огласната табла во училиштето и на интернет, на веб страната http://drzavnamatura.dic.edu.mk/
На 05, 08 - 09. јули, учениците кои не се задоволни од резултатите можат да поднесат приговор. Приговорот се поднесува во Училишната матурска комисија (во училиштето) од 10 до 14 часот.
На 12.07 до училиштето од страна на ДИЦ ќе бидат доставени одговорите по поднесените приговори.
Учениците кои ќе сакаат да извршат увид во своите тестови, ќе можат да го направат тоа со закажување на термин на 15.07 2019 год. Увидот ќе биде на 16.07 во договорен термин во Државниот испитен центар во Скопје.
- Активности за августовскиот испитен рок:
Право на полагање на државна матура во августовскиот рок имаат исклучиво кандидати кои се пријавиле да полагаат во јунскиот испитен рок, но не положиле еден или повеќе испити или не присуствувале на полагањето во јуни.
Кандидатите кои не положиле еден или повеќе испити во јунскиот рок, ќе треба да се пријават за полагање во августовскиот рок. Пријавувањето ќе биде на 15 јули 2019г. во 9 часот, во училиштето.
Кандидатите кои се пријавиле за полагање во августовскиот рок, треба да бидат во училиштето на 22.07.2019 од 8 до 10 часот за да се потпишат на списоците со пријавени кандидати.
Местото за полагање во августовскиот рок ќе биде објавено на веб страната на Државниот испитен центар најдоцна до 07.08.2019г.
СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Училишна матурска комисија
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.