Бела позадина

Бугарија меѓу двете светски војни

 

Бугарија во Првата светска војна учествуваше на страната на Централните сили. Капитулира на 27 септември потпишувајќи примирје со силите на Антантата во Солун.

Народното незадоволство од поразите во војната и бунтот на војниците во септември 1918, го натераа царот Фердинанд да абдицира, а на негово место дојде неговиот син Борис III кој на трети октомври 1918 седна на тронот.

Прв повоен претседател на бугарската Влада беше Александар Стамболиски лидерот на БЗНС (Бугарски земјоделски народен сојуз) кој го потпиша Нејскиот мировен договор.

 

Борис Трети   Александар Стамболиски   Нејски мировен договор

               Царот Борис III                 Александар Стамболиски     А. Стамболиски го потпишува Нејскиот мировен договор

 

Со Нејскиот мировен договор од 27.11.1919 на Бугарија одземени и беа териториите кои ги окупира во Првата светска војна и некои од териториите кои ги имаше добиено со Букурешткиот мировен договор.

 

Карта на Бугарија

Стамболиски на чело на Владата на Бугарија беше до 9-ти јуни 1923 год. кога воено политичката групација „Народен Зговор“ поддржана од царот изведе државен удар (јунскиот преврат) и нов Премиер стана Александар Цанков. (Александар Стамболиски во овие настани е убиен на 14 јуни 1923 год. од скопскиот војвода Величко Велјанов – член на ВМРО)

 

Александар Цанков     Андреј Љапчев

 

Истата година во септември по налог на Коминтерната во Бугарија стихијно се крева „Септемвриското востание“ на Комунистичката партија на Бугарија (БКП) предводена од Георги Димитров. Целта на востанието била воспоставување на „власт на работниците и селаните“ во Бугарија.

Ова востание е крваво задушено од власта, БКП преминува во илегала, а Георги Димитров избегал во СХС па од таму во СССР.

Во 1924 год кон Народниот Зговор се вклучуваат уште неколку политички партии и организации па се создава широк политички блок наречен „Демократски Зговор“

Демкратскиот зговор е на власт во Бугарија до 1931 год кога на изборите победиле политичките партии организирани во тн. „Народен блок“.

Во 1927 година во Бугарија се создава профашистичката организација „Звено“ на чело со поранешниот воен министер Кимон Георгиев. Звено (на 19.мај) 1934 год. со државен удар (тн. мајски преврат) ја зема власта во Бугарија. Новата власт го распушта Собранието, ги забранува политичките партии и организации и воведува сосема нов начин на организирање на државата. Тогаш е распишана потерница по Ванчо Михајлов и забрането е дејствувањето на ВМРО. По Марсејскиот атентат Владата на Кимон Георгиев ја зафаќа голема криза. Тоа било погоден момент за царот, со воен притисок да ја натера Владата на Кимон Георгиев да поднесе оставка во јануари 1935. Од тој момент царот  целосно ја зема судбината на државата во своите раце. Сам именува и разрешува влади и сам носи законски решенија, т.е. воведува монархофашистичка диктатура.

 

Богдан Филов и Јоаким вон Рибентроп го потпишуваат пактот во 1941

На 01.03.1941 год. во виенскиот дворец Белведере, премиерот на Бугарија Богдан Филов (лево) потпишува сојуз со Германија (Јоаким вон Рибентроп – десно) со што Бугарија влегува во Втората светска војна на страната на Тројниот пакт.

 

Напишано и уредено од проф.Николче Богданоски

Александар Цанков

(Премиер на Бугарија 1923-1926)

Андреј Љапчев

(Премиер на Бугарија 1926-1931)

Потекнува од македонско револуционерно семејство од Ресен

Бугарија_пдф Преземи во PDF

црвена позадина

Сродни содржини:

 

- Грција меѓу двете светски војни
- Создавањето на Албанската држава и Албанија меѓу двете светски војни

 

- Светите браќа Кирил и Методиј

- Св. Климент и Св. Наум Охридски

- Крстоносните војни и Македонија во XIII Век

- Скендербег

 

Можеби ќе те интересира и :

 

- Час по информатика - проф. Анета Стојческа

- Час по информатичка технологија - проф. Анета Стојческа

- Час по информатичка технологија - проф.Анкица Стеваноска Јанческа

- Час по математика - проф.Маријана Спиркоска

- Час по математика - проф.Калина Секулоска

- Час по хемија - проф.Блаже Димоски

- Час по македонски јазик и литература - проф.Емона Јованоска

- Прирачник по социологија - проф.Жељко Чупарко

 

 

Copyright © 2016 www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.