slika slika

Врати се на почетната страна

Страната ја подготви и уреди проф. Никола Богданоски

21.11.2013 год.

slika

Copyright © 2016 www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

slika slika slika

ОПШТИ ПОДАТОЦИ ЗА АЛБАНИЈА

 

  Најстари податоци за Албанците се наоѓаат во II век , кај александрискиот географ Клавдиј Птоломеј. Тој напишал за илирското племе Албанои и градот Албанопол кој се наоѓал некаде на денешната територија на Албанија.

  До XIII век, низ историските извори, под поимот „Албанија“ се поистоветувал само градот Кроја со околинта и областа Хунавија. Низ византиските и латинските извори за територијата на денешна Албанија се употребува изразот „Арбанија“ и населението „Арбанои“, а словените го употребувале изразот „Арбанашка земја“ и „Арбанаси“. Османлиите за албанското население го употребуваат изразот „Арнаути“.

  Денешните Албанци за Албанија го употребуваат изразот „Шкиприја“, а себеси се нарекуваат „Шкиптари“.

Не е познато од каде доаѓа ваквото име. Најчеста, претпоставка е дека името доаѓа од албанскиот збор „Шкипоња“ со значење орел, (земја на орлите), но поверојатно е дека овој поим доаѓа од презимето на видна феудална фамилија од Дриваст. Во трговски документи од Дубровник од 1368 и 1372 год. се споменуваат фамилијарни презимиња од Дриваст како „Шкипудар“, „Шипудар“, „Шепудар“ и сл.

  Како народно име „Албанци“ се наметнува дури од XIX век.

ВОСТАНИЕТО НА СКЕНДЕР БЕГ

 

  Кон крајот на XIV век, османлиите постепено почнале да ја наметнуваат својата власт над денешна Албанија. Тамошните феудалци со цел да ја задржат својата феудална позиција, ја признавале власта на султанот и станувале турски вазали со обвбрски да плаќаат данок и да учествуваат во турската војска. Некои од нив биле обврзани како заложба да дадат по едно или повеќе деца за воспитување во исламски дух.

slika

СКЕНДЕРБЕГ ВО МЛАДИТЕ ГОДИНИ

Едно од таквите деца бил и Ѓорѓија (Ѓерѓ) Кастриот, кој како 18 годишно момче бил заложник на султанот Мурат II на Дворот во Едрене. Таму Ѓерѓ го завршил военото училиште. Поради успесите во училиштето и борбеноста, Ѓерѓ го добил прекарот „Искендер“ што е муслиманска форма за Александар Македонски. Султанот Мехмед II посебно го ценел Ѓерѓ – Искендер кому во 1438 год му ја доделил титулата бег. Ѓерѓ како бег се вратил во родниот крај. Од султанот бил поставен за управник на Кроја. Сега почнале да го именуваат како Искендер – бег (Скендер бег).

slika

Скендер бег во времето кога бил во воено училиште во Едрене, поразува еден татарин

Во XIV век во албанските краишта ситуацијата кај населението била премногу тешка. Оптоварени биле со низа даноци и давачки, изложени биле на насилна исламизација, зулуми и пакости од разбојнички банди на османлиите.

 Во 1443 год. Скендер бег, го напуштил бојното поле (војувал на турска страна против унгарскиот војвода Јанко Хуњади (Iancu Hunedoara, познат е уште и како Јанкула војвода)) се вратил во Албанија и таму кренал востание. Притоа го отфрлил исламот и со 300 коњаници ја зазел крепоста Кроја. Таму го симнале османлиското знаме и развиориле црвено знаме со црн двоглав орел на средината (што е византиски христијански симбол).

slika slika slika

 По овие почетни успеси, Скендер бег се сојузил со Кралството Унгарија и со Венеција и во наредниот период постепено освојувал дел по дел од централна Албанија.

Во 1444 година, Скендербег свикал собрание на албанските главатари, при што решено било да се формира единствен воено – политички сојуз на албанските феудалци (тн. Лига - Лежа) на чело со Скендер бег.  Собранието било одржано во црквата Св. Никола во градот Леж/а. На ова собрание било решено, за потребите на борбата да се собираат по 200 000 златни дукати годишно, а Скендер бег да биде главен командант на војската. Тој ја организирал војската формирајќи тн. „Преторијанска гарда“ од 3000 одбрани војници.

 Борбите на Скендер бег со османлиите траеле 25 години, а најславна битка била за одбрана на Кроја од османлиите каде османлиските војски ги командувале лично Мурат II а по него и новиот султан Мехмед II.

 Освен од Унгарија и од Венеција, Скендер бег имал поддршка и од останатите европски христијански држави како и од Папата. ( Во тој период на папскиот престол се смениле Папите Евгениј IV,  Никола V, и Каликст III.) Каликст III имал намера да започне нов крстоносен поход против османлиите. Скендер бег се обратил за помош до европските држави во евентуалниот поход на „Крстот против полумесецот“ но во текот на подготовките се разболил и на 17 јануари 1468 година умрел. Погребан бил во црквата Св. Никола во Леж/а.

 По неговата смрт, не запрел отпорот на албанските феудалци против османлиите. Делото на Скендер бег го продолжил син му Јован (Иван, Ѓон) Кастриот. Но тој не бил способен да се одбрани од османлиите кои ја освоиле територијата на централна Албанија. Јован (Иван / Ѓон) Кастриот со целото свое семејство избегал во Неапол каде трајно останале. Од таму неколку пати се обидувал да се врати во Албанија и да го поведе населението на ново востание против османлиите но без успех. Дури и внукот на Скендер бег, кој бил именуван како и дедо му, Скендер бег помладиот во 1500 – 1503 год. се обидувал да крене востание во Албанија но без успех.

 Од почетокот на XVI век целата територија на Албанија била под османлиска власт.

Јанко Хуњади

Борба на османлиска со војската на Скендер бег

Знамето на Скендер бег

slika slika slika

Ѕидна слика на Скендер бег

Шлемот на Скендер бег

Гравура - Скендер бег

slika

Потписот на Скендер бег