crveno gore Gimnazija Mirce Acev Prilep

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Професори

Ученици

Контакт

Родители

MKD EN DE FR
xxxxxxxx

Гимназиското образование во Прилеп

Уште во првата половина на 19 век во Македониja cе поjавуваат основни училишта, формирани и издржувани од црковно - училишните општини и нивните органи - училишните настоjателства. Co текот на времето, некаде побргу, некаде подоцна, cе jавува потреба oд создавање на пoвиcoк ранг на училишта од основните. Овие повисоки училиштета cе викаат класни училишта и во тоа време даваат наjвисоко образование.

Eкономскиот развоj во Македониjа, во средината на 19 век го зафаќа и градот Прилеп. Стопанскиот развоj на градот условува создавање на еснафско граѓанство, идна македонска буржоазиjа... Тоа има одраз и врз развоjот на просветата и другите општествени деjности. Старите културни центри: црквите, манастирите и нивните училишта нe можат да ги задоволат потребите нa граѓанството. Занаетчиството и тpгoвиjaта бараат учени луге, кои ги познаваат предметите од световен карактер.

Во 1843 год. основано е првото основно училиште. Во времето од 1860 - 1865 гoд. вo основното училиште извршени cе извесни реформи, внесени cе нови предмети и отворен е горен курс нa основното училиште со што cе поставени основите на мaшкoтo класно училиштe.

Во 1865 гoд. вo Прилеп отворено е и првото женско училиште, кое подоцна и тоа станува класно.

star Prilep

Подоцна класното училиште сведено е на двокласно. Учители во училиштето биле Никола Ганчев, Јосиф Ковачев и Кузман Шапкарев.

За напредокот во прилепското училиште придонес има штипскиот педагог, учителот Jосиф Ковачев. Toj изврши реформи во наставната програма уште во учебната 1874/75 година и предложил отворање на четврти клас.

По силните залагања на Прилепската општина, во учебната 1882/83г. машкото двокласно училиште во Прилеп, подигнато е на трикласно, a во уч.1883/84 год. решено е да се отвори четврти клac, односно да стане полнокласно.

Истовремено Прилепската општина донесе решение класното училиште да се преименува во Гимназиjа, a женското да се вика средно училиште. Отпечатени се и празни свидетелства co натпис "Прилепска Гимназиjа". Четвртиот клас отворен е во учебната 1886/87 гoд. нo трае само една година. Прилепската Гимназиjа остана со три класа до краjот нa турската власт вo Македониjа - 1912 гoд.

Извесно осовременување во наставата на прилепското училиште внесуваат некои завршени македонски ученици од американскиот Роберт-колеџ вo Цариград, кои станаа учители вo Прилеп.

Училишните потреби наложуваат да ce подигне зграда за Гимназиjа вo Прилеп. Во дворот на црквата "Св. Благовештение" ставени се темелите на големата и убава зграда на Гимназиjата вo 1893 год, a доградена е во 1894 година. Таа е градена од страна на граѓаните нa Прилеп, со нивна материjална и парична помош. За изградбата на гимназиската зграда, Аџи Мирче Бомбол дал 500 турски златни лири, Ице Фукара дал 300 турски златни лири, а околу 500 турски златни лири собрани се од прилепските еснафи и граѓани.

Иако оваа прва прилепска Гимназија функционира како егзархиска црковно - училишна општина, Егзархијата не успеа да наметне свои луѓе да бидат директори и учители. Целокупнота управа и материјалното работење на Гимназијата се самостојни, односно независни од Егзархијата.

Прилеп во почетокот на XX век

Статии:

- Историјат на Гимназијата „Мирче Ацев“

- Гимназијата денес

Во Првата светска војна во периодот од 1915 до 1918 год. згасна работата на прилепската Гимназија, а училишната зграда пренаменета е во болничка амбуланта.

По војната во 1918 година продолжува работата на Гимназијата со истиот директор од пред војната, и во истиот објект. Именувана како "Српска краљевинска гимназија". Поради недостаток на наставен кадар, во своите училишта српските власти носат кадар од надвор, пред се од Русија, па така во во учебната 1924/25 во прилепската Гимназија предаваат 5 наставници - Руски емигранти кои предаваат вештини и француски јазик.

Од ден на ден расти бројот на ученици кои учат во Гимназијата. Во наставната 1924/25 година во Гимназијата учат 423 ученици, а наредната 1925/26 учат вкупно 513 ученици.

Гимназијата ја врши својата дејност до 24 август 1929 година кога, со указ на кралот на СХС, Гимназијата е затворена.

gimnazija stara

Прилеп остана без Гимназија се до 1936 година кога во градот е отворена Виша самоуправна Гимназија (само до петти клас) која во учебната 1939/40 година станува осмокласна. Вишата самоуправна Гимназија во 1936 година сместена е во зградата на дотогашното основно училиште (денешното училиште "Кочо Рацин") која е изградена во 1926 година.

Во летото 1941 година, бугарските просветни власти организираа курс за осмокласниците од учебната 1940/41 год. за да им се признае годината. Курсот се изведува во јули и август, трае 40 дена, а наставата ја изведуваат само три наставници. Иван Крстев предава бугарски јазик и литература, Стефан Стефанов предава бугарска историја, и Стефан Русев предава географија.

1941/1942 Година е првата учебна година под нова власт во Гимназијата. Во таа година Гимназијата учат вкупно 282 ученика. Во првата учебна година под новата власт, повеќето наставници и ученици се Македонци, а од предметите најмногу се изучува „Б’лгарознание“(бугарски јазик), „Национална историа“ и „Национална географиа“. Часовите започнуваат со молитвата „Оче наш“.

proslava maj 1943 Proslava mart 1943 na ekskurzija

Оваа Гимназија во Прилеп функционира до разгорувањето на Втората светска војна на Балканот во 1941 година, поточно до 27 март 1941 година кога Министерството за образование на Кралството Југославија издава Указ за затворање на училиштата поради новонастанатите околности.

Пролетта 1941 година, се разгорува Втората светска војна и на македонските простори. Во Прилеп доаѓа бугарска војска и административен апарат. Новата власт, ја продолжува работата на прилепската Гимназија. Од пролетта 1941 до пролетта 1944 год. во Прилеп функционирала Прилепската гимназија под бугарска управа.

Tablo 1941_42

Од наредната учебна година Гимназијата го добива новото име „Цар Самуил“ . Таа година во прилепската Гимназија учат 386 ученици, наставата ја изведуваат повеќе наставници главно дојдени од Бугарија, од предметите најмногу се изучува „Б’лгарознание“ и „Национална историа“ а часовите започнуваат со нова „Молитва за Б’лгариа“.

На крајот на годината гимназиската библиотеката е комплетно преуредена и збогатена со голем фонд на книги на бугарски јазик.

Учебната 1943/44 година е последна учебна година под бугарска власт. Истата е  нерегуларна затоа што наставата во второто полугодие се изведува со само неколку ученици во класовите. Запишани се 408 ученици, но пролетта 1944 год. во секој клас на училиште одат едвај по 5 - 6 ученици. Многу наставници отсуствуваат од работа подолг период, а поради бомбардирањата на Бугарија од страна на Сојузницте и напредувањето на Црвената армија кон границите на Бугарија, сите училишта во Македонија оставени се без инструкции за работа од бугарската Влада и без никаква контрола на државата врз училиштата. Голем дел од гимназијалците се вклучија во партизанските народноослободителни единици.

Проф. Николче Богданоски

Зградата на прилепската гимназија во 1937 год.

Прилепски гимназијалци на екскурзија кај месноста „Топташ“

Гимназијалци на прославата на „Денот на ослободувањето на Бугарија“ 03.03. 1943 (Горе)

Гимназијалци на прославата на  „Денот на Храброста“ 06.05. 1943 год. (Лево)

Гимназиското табло од 1941/1942 год

crveno dolu

Copyright © 2013 www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

HTML Validator CSS

Статии:

- Гимназиското образование во Прилеп
- Историјат на Гимназијата „Мирче Ацев“
- Гимназијата денес

crta Prilepski uciteli

Учителите од Прилепската Гимназија во 1892-1893 година.

Седат од лево кон десно:

Антон Попстоилов, Јордан Јанчулев, Спиридон Мирчев, Козма Георгиев, доктор Јордан Бомбол(директор), Пере Тошев, Даме Груев, Георги Трајчев и Никола Смичков.

Стојат од лево кон десно:

Јордан Попконстантинов, Неделко Дамјанов, Илија Хаџитошев, Илија Иванов, Никола Радославов, Константин Трифонов, Стојче Димов и Ангел Воденичаров.

Оваа прва прилепска Гимназија функционира до Балканските војни кога Македонија е поделена помеѓу соседните држави. Вардаркиот дел на Македонија го добива кралска Србија.

Српските власти во Македонија, отвораат неколку средни училишта. Во Прилеп отвораат Гимназија, во која работат просветни работници доселени од Србија или студенти од белградските факултети. Директор на Гимназијата е Александар Мариќ.

Поради воените години, во учебната 1913/14 година, прилепската Гимназија работи 5 месеци, а наредната 1914/15 година, само три месеци.

Stara crkva Prilep

Стара црква и гимназиската зграда (болничка амбуланта) во 1916 год.