Општи податоци за крстоносните походи

Крстоносните се масовни, военo-религиозни походи за заштита на интересите и идеологијата на Католичката црква. Тие оставиле силни политички, социјални, културни и религиозни траги во историјата.

Наречени се „Крстоносни“ по крстот кој го имале учесниците во походите на облеката. (на латински „cruce signati“ – со крст обележани.)

Крстоносните војски ги сочинувале три реда: монаси (свештеници); рицари (благородници) и посиромашното население.

Крстоносните походи имале за цел:

-  Ширење на влијанието на католичката црква и заштита на нејзините интереси.

- Освојување или заштита на христијански земји завладеани од нехристијански освојувачи.

-  Пресметување со еретичките движења кои земале замав во Европа.

Една од главните причини за преземањето на воените походи е заштита на светите места за христијаните во Палестина од нехристијанските освојувачи – Турци Селџуци.
Науката најчесто набројува 9 крстоносни походи кои со прекини траеле од 1095 до 1272 год.

Ове походи се преземале не само против муслиманите кои ги зазеле светите места за Христијанството во Палестина, туку и против еретиците во централна Европа и Шпанија.

Тоа го натерало новиот византиски император Алексиј Комнин да побара помош од западните христијани и од Папата Урбан II, заеднички да се пресметаат со нехристијаните кои ги запоседнале светите места. Папата Урбан II во 1095 год. свикал концил во Пјаченца на кој успеал да ги убеди присутните да се организираат воени походи од европските христијани. Крајна цел на Папата била да ја наметне својата Тијара(папска круна) и над верниците од Византија, те. да биде врховен христијански поглавар.

На 27 ноември (четврток) 1095 година од Клермон (Франција) Папата Урбан II со повикот "Dieu lo volti" (Бог тоа го сака) ги започнува Крстоносните походи.

Почеток на походите

Во XI Век Византиската моќ се повеќе и повеќе слабее поради внатрешни судири но и поради надворешните непријатели кои притискале врз државата и освојувале дел по дел од територијата.

Најголема закана за Византија биле Турците Селџуци. Тие во 1071 год. ја поразиле византиската војска кај Манцикерт, при што го заробиле византискиот соимператор (втор венчан сопруг на императорката Евдокија Макремболитиса), Роман IV Диоген.

Поради тоа, императорката била принудена на Селџуците да им отстапи поголема територија од Мала Азија. Во исто време Селџуците освојувале и кон Сирија и Палестина. Во 1079 година Селџуците го освоиле Ерусалим, Светиот град за три религии. По 3 години Ерусалим го освојуваат војските на Фатимидите (нетурска муслиманска династија од северна Африка – Тунис и Египет, кои се сметале дека се по директна роднинска линија, наследници на Мухамед) Фатимидите ЗАБРАНИЛЕ ПОКЛОНЕНИЕ НА ХРИСТИЈАНИТЕ НА СВЕТИОТ ГРОБ НА ХРИСТОС ВО ЕРУСАЛИМ.

Крстоносец

Папата Урбан II во Клермон повикува

“Dieu lo volti !“

Папата Урбан II

Алексиј I Комнин

Крстони походи

Прв Крстоносен поход(1095-1099)

Втор Крстонсен поход(1147-1149)

Трет Крстонсен поход (1187-1192)

Четврт Крстонсен поход (1202-1204)

Албигојски Крстонсен поход (1209-1229)

Детски Крстонсен поход (1212)

Петти Крстонсен поход (1217-1221)

Шести Крстонсен поход (1228-1229)

Седми Крстонсен поход (1248-1254)

Осми Крстонсен поход (1270)

Деветти Крстонсен поход (1271-1272)

Четврт Крстонсен поход (1202-1204)

Четвртиот Крстоносен поход започнал на барање на Папата Инокентие III во 1202 год. Во него учествувале само Француски, Фландриски и Италијански крстоносци. Крстоносците планирале преку Медитеранот и Египет да нападнат на светата земја. Но немале доволно бродови. Се обратиле за помош во флота кај венецијанскиот Дужд Енрико Дандоло кој не им одобрил бродови туку им предложил да се истоварат во Задар (Zara) и од таму да продолжат низ Византија кон светата земја.  Дуждот Енрико Дандоло при Четвртиот крстоносен поход преговарал со Алексиј IV Ангел, крстоносците да го ослободат од затвор татко му Исак II Ангел, Алексиј IV да го наместат на византискиот трон, а за возврат да добијат 200 000 сребреника. Така и се случило во 1203 год Крстоносците го освоиле Константинопол, го отстраниле Алексиј III(кој со целото богатство и личната гарда избегал) и го поставиле Алексиј IV Ангел на императорскиот трон. Но по седнувањето на престолот Алексиј IV Ангел неможел во договорениот рок да обезбеди толку пари за да им исплати на крстоносците. Тоа ги разгневило крстоносните водачи кои во 1204 год го  убиле Алексиј IV Ангел а по неколку дена умрел од тага и неговиот татко Исак. На византискиот престол требало да дојде антилатински настроениот Алексиј V, но тој не дочекал да седне на престолот. Крстоносците нападнале на Цариград, го испоубиле цивилното население, го ограбиле градот и ја разграбале Византиската територија. Тоа значело и крај на Византија. На 12 април 1204 крстоносците ја елиминирале Византиската империја. (Византија е обновена во 1261 год и постоела до 1453 год)

Енрико Дандоло

Енрико Дандоло

Регрутира крстоносци во Вениција

Крстоносците напаѓаат на Константинопол

По елиминирањето на Византија, нејзината територија била разграбана од Крстоносците кои формирале свои „Латински“ држави. Формирани биле Латинско царство, Солунско кралство, Ахајско кнежевство, Атинско војводство, Никејско царство, Трапезунтско царство, други помали латински владенија и Епирско деспотство.

МАКЕДОНИЈА ВО XIII ВЕК

 

  Случувањето на бугарскиот двор

Во 1207 година, за да ја заграбат власта во своите раце Борил, Алексиј Слав и Стрез сковале заговор против бугарскиот цар Калојан (1197-1207). (Борил и Стрез се брќа и синови на една од сестрите на Калојан а Алексиј Слав е син на другата сестра на Калојан)(значи тројцата се први братучеди и внуци на вујко им Калојан)

Калојан е убиен во заговорот, а престолот го добива Борил (1207 – 1218)

Од страв да не бидат ликвидирани од Борила, Алексиј Слав и Стрез бегаат од властите, се одметнуват не признавајќи ја бугарската врховна власт и се прогласуваат за самостојни владетели.

Кнежевството на Алексиј Слав

Алексиј Слав жестоко го критикувал Борила дека нечесно застанал на престолот. Формирал независно кнежевство (1207 – 1230) со седиште во тврдината Цепина (од 1207 до 12012), а потоа во градот Мелник, на Пирин Планина. Алексиј Слав во 1208 год стапил во сојуз со императорот на Латинското царство Хенрих I Фландриски. Хенрих му ја доделил титулата „Деспот“, а за да ги зацврстат односите бил склучен брак меѓу една од ќерките на Хенрих и Алексиј Слав.

Како резултат на затоплувањето на односите меѓу Латинското царство и Бугарското царство (посредувал папата), во 1213 година, Слав бил признат од Борил за независен владетел.

Во 1216 год. умрел Хенрих I. На балканот станува силно Епирското Деспотство со Теодор I Ангел (1214 – 1230). Епирците во 1224 год го освоиле Солун и го елиминирале Солунското кралство. Теодор I Ангел во Солун се прогласи за император на Ромеите, а крунисувањето го извршил Охридскиот Архиепископ Димитриј Хоматијан.

Алексиј Слав тогаш ги прекина врските со Латинското царство и стапи во сојуз со Епирците. Сојузот бил зацврстен со бракот меѓу Слав и една епирска принцеза (првата жена – ќерка на Хенрих I починала претходно). Ваквиот сојуз постоел до 1230 год кога во битката кај Клокотница Епирците биле поразени а голем дел од Епирската држава била освоена од Бугарите со Иван Асен II (1218 – 1241).

Со тоа (веројатно) завршило и постоењето на владението на Алексиј Слав. (последен пат во историските извори Слав се споменува во 1228 год.)

Остатоци од тврдините на Алексиј Слав во Мелник

Владението на Стрез

Плашејќи се за својот живот, Стрез избегал од брата си Борил и нашол прибежиште на српската држава, од каде со помош на Стефан Немања Првовенчани успеал да се осамостои на територијата на Македонија каде создал владение кое се простирало од Скопско до Охридско и Берско, до Беласица и реката Струма. Седиштето на владението било во Просек (кај Демир Капија).

По зацврстувањето на власта, Севастократорот Стрез ги влошил односите со Српската држава и стапил во сојуз со епирскиот император Михаил I Комнин Дука Ангел на чија страна војувал против Солунското кралство во 1210 год. Но истата година, (не се знае како и зошто) Стрез ја признал власта на Латинското царство на Хенрих I. Исто така не е познато како во наредната година Стрез и Борил се помириле, па заеднички се подготвувале за војна со Солунското кралство. Во 1211 год во Пелагонија, близу до Битола, Стрез претрпел катастрофален пораз од Солунското кралство.

Во 1214 год. Борил, Хенри I и Михаил I Комнин се сојузиле против српската држава. Кон сојузот се приклучил и Стрез и покрај убедувањата на Архиепископот Сава Немања (кој допатувал лично кај Стрез) да не го прави тоа. Стрез бил убиен во неразјаснети околности во 1214 год.

 

 

 

По овие настани, Македонија во XIII век е мегдан на кој се пресметуваат Никејското царство, Ахајското кнежевство, Епирското деспотство, Кралството Сицилија, Бугарската и Српската Држава.

Врати се на почетната страна

Страната ја подготви и уреди проф. Никола Богданоски

19.10.2013 год.

Copyright © 2016 www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.