МК | EN | FR | DE
На 07.05.2021 год. во организација на Македонското географско друштво се одржа Државниот натпревар по географија.
На овој натпревар учествуваа 63 ученици од гимназиите, угостителско туристичките училишта и економските училишта од Македонија. Меѓу нив беа и натпреварувачите од прва и трета година од СОУ Гимназија „Мирче Ацев “- Прилеп, кои пласманот до државниот натпревар го обезбедија по успесите на претходно одржаните општински и регионални натпревари. Во зависност од годината на образование, учениците беа поделени во неколку групи и на натпреварот одговараа на прашања од материјалот кој го учат по предметот географија но исто така и прашања надвор од наставниот материјал, како на пример читање на дигитални сателитски снимки, анализа на компјутерски моделиран релјеф и сл.
Учениците ги постигнаа следниве резултати:
I година
1. Давид Димовски - I место
2. Давор Петрески - III место
3. Михаел Матески - I награда
4. Марија Стојческа - II награда
III година
1. Душица Тодороска - I место
2. Елеонора Мицеска - III место
Mентор на сите ученици им е проф. Виолета Проскоска Велкоска.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.