Гимназијалецот Давид Димовски, ќе ја претставува Македонија на Светската олимпијада по географија во 2022 година во Кина

По предходно одржаните општински, регионални и државен натпревар по географија каде учениците од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“-Прилеп ги одвоија првите места, на 30.11.2021 год.во просториите на ПМФ -Скопје со физичко присуство се одржа селекциониот натпревар за да се одреди тимот од 4 ученици кои ќе се подготвуваат за Светската олимпијада по географија IESO 2022 Кина.
На селекциониот натпревар учествуваа вкупно 9 ученици. Се решаваше комплексен тест согласно видот и обемот на прашањата кои се предвидени за Светската олимпијада 2022. Натпреварот го спроведоа претседателот на МГД Билјана Апостолоска Тошеска заедно со професорите: Ивица Милевски и Свемир Горан.
Учениците Давид Димовски и Давор Петрески, под менторство на професорката Виолета Проскоска Велкоска учествуваа на овој натпревар и постигнаа одлични резултати.
Ученикот Давид Димовски го освои 3 место, од сите ученици, со што стана член на тимот кој ќе учествува на Светската олимпијада, а ученикот Давор Петрески имаше успешно учество.
Заедно да ја споделиме среќата и гордоста од постигнатиот успех.