МК | EN | FR | DE
Мирче Ацев е македонски револуционер, кој потекнува од позната прилепска револуционерна фамилија. Неговите предци се истакнати борци против османлиското ропство, а подоцна и против големосрпскиот режим.
Во Втората светска војна Мирче активно се вклучува во борбата за ослободување на Македонија од фашистичкиот и нацистичкиот окупатор. Во виорот на војната, Мирче е уапсен од бугарските власти, измачуван во скопскиот затвор и убиен на 04.01.1943 год.
Во чест на Мирче Ацев, учениците Андреа Стеваноска и Мартин Видевски, од гимназијата која го носи името на херојот, како проект на часовите по историја изработија краток филм.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.