МК | EN | FR | DE
Во предвечерието на големите христијански празници Бадник и Божик, во услови на пандемија со почитување на сите препораки за заштита, учениците од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп претставувани од претседателот на училишниот парламент, ученичкиот правобранител и нивни претставници во координација на проф.Ружа Ангелеска по петти пат ја спроведоа хуманитарната акција „Еден поинаков ден“.
Акцијата е посветена на децата без родители сместени во згрижувачки семејства. За таа цел беа поделени подароци на децата и згрижувачките семејства со што уште еднаш беше потврдена желбата за солидарност, хуманост и поддршка на ранливите категории, а воедно беа поттикнати и за понатамошна соработка со Центарот за социјална работа.
Акцијата докажа дека хуманоста нема граници и за време на пандемија.
Акцијата беше реализирана со собрани средства од доброволни прилози на учениците и вработените во гимназијата, а покровител на дел од подароците за згрижувачките семејства беше компанијата за откуп и преработка на земјоделски производи „Кривогаштани промет“
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.