МК | EN | FR | DE
И во време на светска пандемија заради Covid 19 нашите гимназијалци покажаа дека ако нешто силно се посакува може да се оствари. Станува збор за реализација на проектот “Voices” ( “ Гласови” ) под покровителство на Regional Youth Cooperation Office – RYCO во кој покрај гимназијалците од СОУ Гимназија “Мирче Ацев” учествуваа и ученици – средношколци од Белград ( Србија) и Никшиќ ( Црна Гора ). Самиот проект започна на почетокот на 2020 година кога нашето училиште беше домаќин на гостите од Србија и Црна Гора, но заради почетокот на пандемијата немавме можност да ја возвратиме планираната посета и во нивните градови. Сепак, проектот продолжи со online реализацијa како што впрочем функционираше и се останато во земјава па и во светот.
Соочувајќи се со бројни предизвици, конечно, во април 2021 година , овој проект е успешно реализиран за што зборува и финалниот производ – 30 минутен филм под наслов “ Имаме ли сите иста шанса” како и публикација во 90 страни со текстовите и проектите од Македонија, Србија и Црна Гора. Во овој краток филм нашите ученици се јавуваат во главните улоги и преку искрени монолози го пуштаат својот глас, ја доловуваат сегашноста, проблемите, предизвиците, но и оптимизмот за успех и користење на својата шанса.
Со гордост ги набројуваме учениците кои повеќе од една година посветено, квалитетно и одговорно работеа и ја претставуваа Гимназијата: Лора Штарго, Ненад Јакимов, Кристина Каламукоска, Афродита Петкоска, Александар Петрески и Бојана Тинтоска.
Одговорен за креативниот процес и режијата на краткиот филм е професор Мартин Наумоски, додека координатор на проектот е професорката Кети Ефремоска.
Самиот проект беше поддржан од директорот на Гимназијата Димче Настоски.
Погледнете го краткиот филм, прочитајте ја публикацијата и уживајте.
Прочитајте повеќе за проектот на следниот линк (на српски јазик)
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.