МК | EN | FR | DE
На 20.03.2021 год. во просториите на ФИНКИ (со почитување на сите протоколи за заштита во време на пандемија) се одржа XXXII Државен натпревар по информатика. На натпреварот учениците од нашето училиште Иван Јованоски од I-6 клас освои трета награда (ментор Анкица Стеваноска Јанческа), а ученикот Благја Овезоски од IV-6 клас (ментор Анета Стојческа) освои втора награда и доби стипендија за бесплатно студирање на ФИНКИ.
Учеството на Државниот натпревар овие ученици го обезбедија со успехот на Регионалниот натпревар што се одржа на 06.03.2021 год. во ООУ „Кире Гаврилоски Јане“ Прилеп, на кој Иван Јованоски го освои првото место а Благоја Овезоски освои второ место.
Традицијата на успеси на нашите гимназијалци на натпреварите по информатика, продолжува и во време на пандемија.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.