МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

 

Натпревар во пинг-понг

 

пинг понг

     Спортскиот сектор при училишниот Парламент на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп на 10.03.2021г. организира натпревар во пинг-понг. Натпреварот беше координиран од страна на претседателот на УП, координаторката на Спортски сектор Јордана Дивјакоска и телото на УП.

   И покрај пандемијата Ковид-19, имаше можности и натпреварот  се одржа со физичко присуство во просториите на гимназијата. Во текот на целиот натпревар беа преземени сите мерки за заштита на здравјето на сите присутни, така што натпреварот се одржуваше со дистанца од 2 метри и задолжително носење на маска.
   Најголемата цел на натпреварот беше да се докаже дека и овие услови на пандемија не се пречка за спортски активности, одржување на спортскиот дух и дружење во специфични услови.

Јордана Дивјакоска




Објавено на: 22 Мар 2021

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2024
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија