МК | EN | FR | DE
За прв пат оваа година, Културниот сектор при Училишниот парламент на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“– Прилеп организираше натпревар во рецитирање од далечина. Натпреварот беше координиран од страна на претседателот на УП, координаторката на културниот сектор и телото на УП.
Поради пандемијата Ковид -19, учесниците својата интерпретација ја изведоа преку платформата „ZOOM“. Жири комисијата беше присутна во просториите на гимнаизјата од каде со почитување на мерките за заштита на здравјето ги следеше настапите на рецитаторите.
Самиот натпревар имаше за цел да докаже дека со малку труд и желба, љубовта кон пишаниот збор се негува и во ова (не)време на пандемија.
Симона Ерманоска
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.