МК | EN | FR | DE
Во услови на пандемија со физичко присуство во училиштата на Р.Македонија на ден 28—Мај -2021 год. со запазување на сите протоколи на заштита од Ковид 19 со печатени тестови и присуство на тестатори се одржа регионалниот натпревар по хемија во организација на СХТМ – Институт за хемија Скопје акредитиран од МОН.
Според перцентилен ранг на државно ниво постигнати се следните резултати на учениците од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп
Следните ученици се пласираа на државниот наторевар:
1. Виктор Костадиноски (III година) пофалница и
2. Теодора Петреска (III година) пофалница
Ментор на учениците им е проф. Ружа Ангелеска
1. Михаил Стојкоски (IV година) - втора награда
2. Матеј Звездакоски (I година) -пофалница
Ментор на учениците им е проф. Блаже Димески
Од вкупно 259 кандидати од цела Македонија, за државниот натпревар се пласираа само 64 натпреварувачи во сите категории од прва до четврта година, меѓу кои и нашите Теодора, Виктор, Михаил и Матеј.
Им посакуваме успех и на државниот натпревар!
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.