МК | EN | FR | DE
На 12.10.2021 во просториите на Гимназијата „Мирче Ацев“ во Прилеп се одржаконститутивна седница на Ученичкиот парламент. Единствена точка на Дневниот ред на седницата беше избор на Претседател на Училишниот парламент. На седницата присуствуваа директорот Димче Настоски, тимот на ресурсниот пакет – проф. Емона Јованоска и педагогот Светлана Барлакоска, поранешниот претседател на УП, Марио Велковски, како и претседателите на сите паралелки од гимназијатат.е. членовите на УП.Трката за претседател на парламентот се водеше помеѓу двајца кандидати: Лина Тунеска од III3 клас, и Ненад Кулески од III6 клас.
Според правилата за избор на претседател на Ученички парламент, изборот се одвиваше по пат на тајно гласање, на кое право на глас имаа сите претседатели на класните заедници од гимназијата. Гласањето го следеше тричлена Комисија составена од членови на УП и избрана од истите.
По обраќањето на пријавените кандидати и претставувањето на план програмите, се спроведе гласањето. По пребројувањето на гласовите, Комисијата која што го надгледуваше гласањето, утврди дека мнозинството од гласовите му припадна на ученикот Ненад Кулески, ученик во III година во Гимназијата. Со тоа ученикот Ненад Кулески беше назначен заПретседател на Ученичкиот парламентза учебната 2021/2022год., а Лина Тунеска беше назначена за заменик – претседател, за учебната 2021/2022год. Исто така, на оваа седница, беа избрани и координаторите на година.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.