МК | EN | FR | DE
На 02.03.2021 делегација на ученици од Гимназијата ,,Мирче Ацев” Прилеп оствари посета на Основниот Суд Прилеп. Делегацијата беше во состав на 10 ученици кои беа предводени од страна на Претседателот на Училиштниот Парламент при Гимназијата ,,Мирче Ацев” Прилеп, Марио Велковски и Ученикот Правобранител Елена Николоска.
Во Основниот Суд Прилеп учениците беа примени од страна на Администраторот на Основен Суд Прилеп – Г-дин Сашо Темелкоски, кој детално им објасни на учениците каква е работата на судот, која е неговата функција, објаснувајќи го и самиот правен систем и инстанците кои го сочинуваат.
Учениците и Училиштниот Парламент изразуваат голема благодарност за укажаната можност да се запознаат со оваа институција и да можат истата да ја разгледаат.
Посетата се вршеше со почитување на сите мерки за зачувување на здравјето на учениците во услови на пандемија со вирусот Covid19.
Марио Велковски
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.