МК | EN | FR | DE
И оваа учебна година, покрај сите предизвици со кои се соочуваме, постигнавме успеси во многу области меѓу кои и биологијата.
Ученичката од втора година Софија Гешоска, под менторство на професор Софија Крстеска, постигна одличен резултат освојувајќи го второто место на државниот натпревар по биологија.
Натпреварувањето течеше низ три фази: Општински натпревар, на кој Софија Гешоска освои второ место, регионален натпревар на кој Гешоска освои трето место и државен натпревар на кој го освои второто место.
Државниот натпревар се одржа на 26 јуни, со физичко присуство во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Честитки! Само успеси да се нижат!
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.