МК | EN | FR | DE
На 5.12.2022г, се реализира работилница како дел од низата активности во училиштето кои се преземаат за создавање стратегија за надминување и превенирање на состојбата со насилно однесување и подигнување на повисоко ниво на свеста кај учениците.
Целта на оваа работилница беше учениците да се стекнат со знаења, вештини и да изградат ставови да препознаваат, разликуваат насилно и ненасилно однесување во училиштето и надвор во средината на делување.
Во добра и безбедна средина учениците треба да ги почитуваат правилата на однесување во училиштето и да ги негуваат придобивките од ненасилно однесување: добра комуникација, еднаквост за сите, меѓусебна почит, толеранција, самоконтрола...
Учесници и реализатори на работилницата беа учениците од IV-5клас и класниот раководител Елена Келтаноска Лашкоска, ученикот правобранител во гимназијата Филип Тренкоски и педагогот во училиштето Светлана Барлакоска.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.