МК | EN | FR | DE
Во организација на Друштвото на биолози, на 14.05.2022 година во просториите на Природно - математичкиот факултет се одржа Државниот натпревар по биологија.
Нашата ученичка Софија Гешоска, од III-7 клас, во конкуренција на 84 натпреварувачи, на државниот натпревар го освои третото место. Ментор на Гешоска е професорката по биологија Софија Крстеска.
Софија Гешоска до успехот стигна преку освоените втори места на општинскиот и на регионалниот натпревар по биологија. Таа е одличен ученик и во континуитет освојува медали на натпреварите по природните науки. Успешна беше на државните натпревари по хемија, минатата година, по биологија минатата година го освои второто место и оваа година по географија го освои првото место.
Вистински пример за вреден и исполнителен гимназијалец.
Браво Софија!
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.