МК | EN | FR | DE
На 1.11.2022 во библиотеката „Борка Талески“ се одржа Литературен конкурс кој опфаќаше рецитации и избор на најдобри прозни и поетски лични творби.
Настапот на нашите ученици беше успешен со оглед на тоа што од таму се вратија со четири награди.
Ученичката Дора Јованоска од I-7 клас освои ПРВО место за поетска лична творба, а Софија Ристеска од истиот клас го освои ВТОРОТО место рецитирајќи ја „Стерна“ од Конески.
Ментор на двете ученички беше професорот Мартин Наумоски.
Освоени се уште две втори места и тоа:
ВТОРО место освои Тамара Ванеска од II -1 клас за поетска лична творба и Сара Пројческа II-7 клас, ВТОРО место за прозна лична творба.
Ментор на Тамара и Сара е професорката Христина Кочоска.
Им честитаме на нашите ученици и ментори со надеж дека ова ќе биде почеток на уште една успешна година.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.