МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

 Гимназијалката Александра Трајческа го освои првото место

на државниот натпреварот "Chanson francophone"

 Александра со менторот Мирјана

   Во организација на Здружението на професори по француски јазик на Република Македонија (ЗПФРМ), под покровителство на Jade Benrejdal и добротворната организација "Bel idéal", во саботата, на 21.05.2022 год. во хотелот Лимак во Скопје, се одржа манифестација на наградување на ученици и наставници од основните и средните училишта кои придонеле во афирамција на францускиот јазик и култура.

   Како завршен дел од манифестацијата беше финалето на натпреварот "Chanson francophone" на кој во посебни категории за основно и за средно образование, учениците се натпреваруваа во изведба на песна на француски јазик. Специјална жири комисија ги оценуваше гласовните можности, правилниот француски изговор и сценскиот настап на изведувачите.

   Во категоријата средно образование во финалето се пласира и Александра Трајческа, ученик во трета година во нашата Гимназија. Таа настапи со песната “N’insiste pas” од Camille Lelouche.
   Со моќен глас и емоции, Александра ги освои срцата на публиката. Настапот го заврши со бурен аплауз и овации од публиката.
   Откако сите финалисти се претставија пред жири комисијата и пред бројните гости во публиката, следуваше чинот на прогласување на победниците.
   Првото место, заслужено ѝ припадна на Александра.

   Ментор на Александра ѝ е професорката по француски јазик Мирјана Бошковска.

Прво место француска песна

   
Погледнете ја во целост нејзината изведба и чинот на прогласувањето на првото место.

    Во подготвките за натпреварот учествуваа и проф. Николче Богданоски, проф. Татјана Ивановска и Филип Димоски, ученик во трета година.


Објавено на: 23 Мај 2022

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2024
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија