МК | EN | FR | DE
ChemDM - Chemical Dancing Models е новиот Erasmus+ проект во кој хемијата го има главниот збор. Нашата гимназија учествува како училиште партнер заедно со уште две други училишта од Словенија и Република Чешка, додека носител на проектот е Природословна школа „Владимир Пролог“ од Загреб, Хрватска.
Проектот ќе се одвива во времетраење од две години. Првите активности и средби веќе се во тек. Поради тековната ситуација со COVID дел од нов се остварија виртуелно, дел со физичко присуство. Тимот кој ја претставува нашата гимназија се професорките по хемија – Ружа Ангелеска и Христина Манческа, додека професорката по англиски јазик е локален координатор на овој проект.
Првата работна средба со физичко присуство со времетраење од 5 работни дена се одржа во Загреб во периодот од 7 – 11 март 2022. Училиштата партнери вредно работеа користејќи Chem софтвер на креирање на наставни сдржини кои ќе бидат поинтересни за учениците и со цел полесно совладување на материјалот од областа на хемијата, но и поттикнување на љубовта кон неа.
Во време на информатичка технологија,кога учениците подолго време поминуваат во виртуелен свет природно се наметнува потребата од користење, усовршување и надоградување во методите во наставата по хемија со што учениците воедно ќе учат и се поттикнуваат на поголем интерес за откривање и примена на тајните во науката.
Покрај едукативниот дел, преку заедничко дружење домаќините не почестија со запознавање на историјата на училиштето, Загреб, убавините на Националниот парк на Плитвичките езера, Природно научниот музеј „Никола Тесла“ и ПМФ-ХЕМИЈА.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.