МК | EN | FR | DE
Огромен успех постигна кошаркарската екипа на Гимназија „Мирче Ацев“ освојувајќи го третото место на државното првенство - Гимназијада 2022 која се одржа во Струмица на ден 12.05.2022 во организација на Федерацијата на училишни спортови на Македонија.
Патот до успехот беше тежок. Гимназијалците изиграа многу натпревари и победија многу екипи освојувајќи го градското првенство и зонското првенство во Неготино. Следуваше регионално првенство во Гостивар на нај добрите екипи во западна Македонија каде Гимназија „Мирче Ацев“ беше шампион и воедно се пласира во најдобрите 4 екипи и право за настап на гимназијада.
Ова е голем успех за Гимназија, учениците, професорот по спорт Дејан Стерјовски како ментор и за град Прилеп!
Биди ГИМНАЗИЈАЛЕЦ и ТИ, биди дел од нај добрите!
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.