МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Конференција „Младинско е-учество за подобра заедница“

    Од 13 до 16 октомври, во Струга се одржа конференција за младински активизам, насловена како „Младинско е-учество за подобра заедница“
   На конференцијата која е дел од проектот „Е-учество - Силни млади“, присуствуваа 20 ученици од сите средни училишта во нашиот град. Нашата Гимназија ја претставуваа учениците Софија Гешоска, Анастасија Здравеска, Дино Мискоски и Божидар Јочкоски.

Е - Учество, силни млади

   На конференцијата, учениците следеа неформална настава за младински активизам и за тоа како младите можат да иницираат решавање на некои прашања или проблеми со кои се соочуваат во секојдневието. Организирани беа и работилници на кои самите ученици утврдуваа недостатоци и проблеми во локалната средина каде што живеат, изнаоѓаа можни решенија и иницираа активности со кои би се запознала и би ги поддржала пошироката заедница. Сето тоа е во функција на подобрување на животот на младите, но и на сите граѓани на нашата општина и пошироко.

гимназијалци на конфернецијата

гимназијалци на конференцијата
   Гимназијалците заедно со средношколците од завршните години на средно образование од другите училишта, своите идеи ги поставија на интернет платформа која би требало да биде место каде што би се пласирале идеи за подобрување на животот не само на младите, туку и на останатото граѓанство.

Од средношколците произлегоа иницијативите:

  • Адаптирање на просторот низ градот, за поголема пристапност за лица со физичка попреченост
  • Канцеларија за едукација на млади за зачувување на нивното здравје, превентивно делување против болести на зависност и слично
  • Затворен парк за миленици
  • Зголемување на бројот на садници со јапонска цреша
  • Повеќе спортски терени и објекти за адреналински спортови, пливање, велосипедизам, авто - мото спортови, ...
  • Повеќе пајак возила за ослободување на узурпираниот простор за пешаците

   и уште многу други идеи.

Сите иницијативи на средношколците, можете да ги погледнете на следниов линк.

   Покрај учениците во работилниците беа вклучени пет професори од средните училишта, млади претставници од Советот на општината и претставници на здруженија на граѓани (невладини организации)

   Организатор и реализатор на конференцијата беше Коалиција на младински организации СЕГА од нашиот град.


Објавено на: 18 Окт 2022

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија