МК | EN | FR | DE
Во СОУГимназија „Мирче Ацев“ по повод детската недела од 3.10.2022г до 7.10.2022г се реализираа повеќе активности.
На 03.10.2022г –класните раководители од I до IV година реализираа работилници со учениците поврзани со човековите права. Наредниот ден наставникот по Ликовна уметност Гордица Димитриевска Груеска ги започна подготовките за претстојната изложба со мотиви поврзани со правата на детето.
На 05.10.2022г –се одбележа денот на учителот и се конституира УП за учебната 2022/23г, на која на демократски начин се избраа следните ученици:
Координатор за трета година е Ива Парапански и за четврта година Драгана Тасеска.
Истовремено се објави и отворен повик за Ученик- правобранител и негови заменици.
На 7.10.2022г се одржа изложба на ликовни творби кои ги изработија учениците од прва и трета година со мотиви поврзани со правата на децата и одговорностите кои ги имаат сите деца.
Во активностите учествуваа класните раководители од прва до четврта година, Директорот, професорот по Ликовна уметност, членовите на Ресурсниот тим и сите ученици.
Со активностите реализирани за одбележувањето на Неделата на детето се подигна свеста кај учениците за нивните права и обврски, но и можностите за младински активности, за напредок, исполнителност, верба во себе која ги води кон успех во училиштето и средината во која живеат.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.