МК | EN | FR | DE
Училишниот парламент при СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп и оваа година успешно организира и реализира ораторска вечер, на која што право на учество имаа сите ученици на Гимназијата од I до IVгодина.
Настанот се одржа на 30.03.2022 година во кино салата „Мис Стон“ во Прилеп. На овогодишната ораторска вечер се претставија седум гимназијалци, кои преку проза и поезија ги искажаа своите емоции, а се разбира ги покажаа и своите ораторски вештини.
Темата на оваа ораторска вечер беше слободна, па секој од учесниците имаше можност да пишува дело, во кое слободно ќе ги искаже своите размислувања и чувства за одредена тема. Младите оратори беа оценети од страна на комисијата која ја сочинуваа професори од нашата Гимназија. Во состав на комисијата оваа година беа: Мартин Наумоски - проф. по Македонски јазик и Литература, Весна Паноска - проф. по Економија, Снежана Тодорческа - проф. по Социологија, Рубин Матески - проф по Филозофија и Рената Думбалоска- проф. по Македонски јазик и Литература.
За најдобрите оратори беа доделени дипломи за освоено прво, второ и трето место. По изборот на комисијата, директорот на Гимназијата Димче Настоски им ги додели дипломите на најдобрите.
Преку ораторската вечер, нашите гимназијалци имаа можност да ја покажат својата талентираност, мотивираност и вештини, а најбитно од сè сите заедно уживаа во зборовите и мудрите мисли на своите соученици.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.