МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

 Гимназијалците иноватори со производ и со презентација го реализираа проектот „Паметна сушара за тутун, чај и други билки“

 

- Општо за проектот 

  • Ние, екипата од гимназијата „Мирче Ацев“ од Прилеп доаѓаме од  средина која е позната по производство на ориентален  ароматичен тутун.
  • Секоја година во зависност од временските услови додека трае сезоната за берба на тутунот,тутунопроизводителите добиваат различен квалитет.При предавањето на сувиот тутун на комбинатите  се врши проценка на квалитетот  во три до четири класи при што за скапаниот тутун се добива ниска цена и ниска класа.
  • Клучни фактори  за добриот квалитет се:
  • сончевата енергија
  • струењето на ветрот
  • Сончевата енергија е доволно искористена преку примена на   полиетиленско платно кое ја зголемува температурата во сушниците додека за струењето на воздухот досега не се користи никакво решение.                 
  • Потребата за добар квалитет на сув тутун  не донесе  идеја  преку примена на сончеви колектори и акумулатори да се овозможи трансформација на сончевата енергија во електрична која понатаму ќе придвижува вентилатори сместени во сушарите за тутун.
  • Улогата на вентилаторите е да го помогне но и да го забрза процесот на сушење на тутунот и на тој начин да допринесе за добар квалитет и да се избегне скапувањето на тутунот во дождливите денови а посебно во есенскиот период.При тоа нема никакви последици по животната средина.
  • Идејата  сама произлезе од набљудувањето на секојдневните обврски на поголем дел од населението во нашиот регион,  односно од проблемите со кои се соочуваат тутунопроизводителите со секоја нова произведена реколта.
  • Дополнување на  основната идеја направивме на тој начин што целата сушара доколку веќе не  се користи за сушење на тутун со многу малку измени може да се искористи за сушење на разни чаеви,било да се корен,цвет или лист.
  • Овој проект ќе им овозможи на учениците од гимназиското    образование да ги применуваат своите знаења  од  физиката правејќи дијаграми на трансфер на енергија ,применувајќи го законот за запазување на механичката енергија .Работејќи со фотоволтаични ќелии да ја  побудат свеста за користење на обновливите извори на енергија .
  • Освен тоа учениците ќе научат како да ги намалат надворешните  атмосферски влијанија и да создадат  делумно нова  средина со позитивен ефект врз процесот на сушење на тутунот.
  • За олеснување на самиот процес и безбедност на апаратурата пректот е поставен во селото Сенокос место од каде потекнува еден од учениците.
- Првиот чекор кон проектот 
  • Првиот чекор  во овој проект после поставената хипотеза е набавка на материјали и апаратура  а потоа следува нивно монтирање, па набљудување и собирање на податоци и на крај споредување на податоците и потврда на претпоставките за ефектот од новиот начин на сушење.
  • Најпрво ја монтиравме сушница (железна рам конструкција) со должина од 6 метри и ширина  од 2,2 m,која претставува стандардна димензија. Кога оваа сушница се покрие со полиетиленско платно се добива одредена форма на тунел. Од двете страни по должина монтирани се железни прачки (винкли) на кои ќе се спружираат низите со тутун. Има два такви реда (дворедно сушење). Помеѓу двата реда  на едната страна монтирани се вентилатори со моќност од 100 W и напон од 220 V.
скеле
скеле со најлон
скеле со жолт најлон
  • Фотонапонскиот панел е монтиран на  сталажа која  стои надвор од сушницата. На неа е  монтиран  и акумулаторот.
фотоволтаик
монтажа
  • Вентилаторите кои со себе носат статичен мотор  ќе работат на електрична енергија која ќе ја црпат од акомулатор кој дава ел,струја  со јачина од 100 А и напон од 12 V. Преку инвертер кој ќе има моќност од 500 W напонот на акумулаторот од 12 V ќе се трансформира во 220 V. Акумулаторот ќе биде полнет од страна на фотонапонски панел (фотоволтажна ќелија) со моќност од 250 W и напон од 18 V преку контролер за полнење на акумулатор.
поврзување
контролер на напон
проба
тестирање на напон

 

- Сознанија и резултати добиени од истражувачкиот процес

  • Доколку сушиме 100 низи тутун на традиционален начин потребни се 20 дена за да се исушат истите.
  • Ако ја користиме паметната сушара за истите 100 низи потребни се 15 дена .Според овие  податоци количината на исушени низи е 33% поголем  во споредба со традиционалниот начин на сушење.
  • Од  1000 m2(1 декар)површина засадена со тутун  во просек се добиваат 500 низи што изразено во kg одговара на 350 kg  тутун.
  • Доколку се суши на традиционален начин ќе бидат потребни 100  сончеви дена ,па за исушениот тутун би добиле 350kg * 200 ден за kg =70 000 ден заработка.
  • Доколку истата количина на тутун се суши во ПАМЕТНАТА СУШАРА  потребни се 75 денови (не мора да бидат целосно сончеви) за да се направи заработка од 350kg * 200 ден за kg =70 000 ден заработка.
  • За останатите 25 дена  можат да се исушат уште нови   од 350 kg ≈ 120 kg тутун .Ако 1 kg тутун во просек се наплаќа 200 ден ,тогаш за тие 25 дена тутунопроизводителот би заработил дополнителни 24000 ден.
  • Ако техничкиот дел од ПАМЕТНАТА СУШАРА чини 31 900 ден со  1000 m2(1 декар)површина засадена со тутун  инвестицијата 75% би се вратила уште во првата година.
  • Остатокот од времето кога не се произведува тутун може и тоа како да се сушат останати билки со што инвестицијата би се вратила во целост за една година.
ПРОЕКТОТ И ПАМЕТНАТА СУШАРА ЗА ТУТУН, ЧАЈ И ДРУГИ БИЛКИ ЈА ИЗРАБОТИЈА:
 
Филип Тошески
Стефанија Трајкоска
Никола Димовски

 

Ментор:

проф. Соња Димовска

 

СОУ Гимназија „Мирче Ацев“- Прилеп

Февруари, 2022 год.


Објавено на: 25 Фев 2022

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија