МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

 

79 Години од загинувањето на Мирче Ацев,

патронот на гимназијата

  79 Години од загинувањето на Мирче Ацев

   Со полагање на цвеќе на Могилата на непобедените, на бистите во Алеата на народните херои и на бистата на Мирче Ацев во училишниот двор, Гимназијата го одбележа патрониот празник.
   Активностите во чест на Патронот започнаа пред две недели, со реализирање на поетска вечер во видео формат, во спомен куќата на Конески во Небрегово. Потоа се одиграа спортски натпревари помеѓу средните училишта од градов, а организирана беше и изложба на ученички ликовни дела во просториите на училиштето.

   На бистата на Мирче Ацев во училишниот двор цвеќе положија и градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, делегација на Сојузот на борци и делегација од касарната „Мирче Ацев“.
   Одбележувањето на Патрониот празник заврши со свечена седница на Наставничкиот совет.


Објавено на: 05 Јан 2022

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија