МК | EN | FR | DE
Клубот на литературни творци од Прилеп, по повод Патронот на град Прилеп „Св.Никола“, организираше литературен конкурс за лични творби на слободна тема, во две категории: поезија и проза. Учество зедоа повеќе гимназијалци, а наградите кои беа доделени на 28.12.2022 година, им припаднаа на четворица ученици.
Ученичката Вероника Кочоска од II-1 клас освои ПРВО место за прозна лична творба, а ученичката Тамара Ванеска од истиот клас освои двe награди: ВТОРО место за прозна лична творба и ВТОРО место за поетска лична творба. И двете ученички беа под менторство на професорката Христина Кочоска.
Ученичката Катерина Николоска од II- 7 клас, освои ТРЕТО место во категоријата прозна лична творба, под менторство на професорот Мартин Наумоски.
Освоено е уште едно ТРЕТО место во категоријата поетска лична творба, кое и припадна на ученичката Софија Оџаклиеска од I-6 клас, чиј ментор беше професорот Дарко Ристески.
Им честитаме на учениците и менторите за освоените награди и им посакуваме тие да им бидат мотив за уште повеќе поетски и прозни креации во иднина!
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.