МК | EN | FR | DE
На ден 26.12.2022г. во СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп беше реализирано предавање на тема: „Петардите ги уништуваат празниците“ од страна Универзитетската клиника за Пластична и реконструктивна хирургија.
Целта на предавањето беше да се запознаат и едуцираат ученицит за ризикот од употребата на петарди и други пиротехнички средства, да се подигне свеста за сериозноста на овој проблем, како и да се спречат сите несакани повреди стекнати од петардите.
Реализацијата на ова активност наиде на добар прием кај учениците гимназиалци, при што се поведе дискусија за оваа актуелна тема.
На презентацијата беа присутни ученици од I до IV година.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.