МК | EN | FR | DE
„Со љубов за Рацин“, оваа година учениците и професорите од гимназијата „Мирче Ацев“ го започнаа одбележувањето на патрониот празник.
На 22 декември 2022 г. во Арт кафе - Апореа се одржа поетска дружба со убавиот стих и убавата музика, посветена на творецот на социјална македонска лирика, Кочо Рацин, кој е роден токму на овој ден, во 1908 година, во Велес.
Преку убавите стихови со љубовни и социјални мотиви од Кочо Рацин, ги разбудивме сетилата на многубројните гости, родители и професори, ученици, вљубеници во убавиот стих и убавата македонска музика.
Стихови рецитираа учениците: Искра Спиркоска, Елена Јандреовски, Ненад Кулески, Софија Оџаклиеска, Никола Мавчев, Милана Капкоска, Ива Тркалеска, Јована Илиоска, Љубица Дисоска, Христина Мицевска, Матеја Илијевска, Сара Талевска, Петар Р. Стојановски, Нина Алинчанец, Мила Здравеска, Натали Ширкоска, Матеј Филипоски и Гордана Димеска.
Поетската вечер со прекрасни македонски мелодии ја збогатија учениците: Маја Марија Богдан, Александра Игнатоска, Кирил Младеноски, Ивана Стојаноска и Ива Трајкоска.
На ова дванаесетто по ред поетско дружење ја воспеавме љубовта, смислата на човековото постоење и ја нагласивме македонската трудољубивост и мака за егзистенција низ вековите на македонскиот често поробуван народ. Исто така, славејќи ја љубовта и хуманоста преку стиховите на Рацин, оваа вечер решивме да бидеме хумани и да спроведеме хуманитарна акција за наши ученици на кои тоа им е потребно.
За организацијата и реализацијата на поетската вечер одговорни беа професорите: Весна Михаиловска, Дарко Ристески, Николче Богданоски и Татјана Иваноска.
Фотографија:
Никола Пулески
Ања Апостоловска
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.