МК | EN | FR | DE
Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, во придружба на министерот за образование и наука Јетон Шаќири, денеска ја посетија гимназијата „Мирче Ацев“ во Прилеп.
Пречекан од домаќините директорот на гимназија „Мирче Ацев“, Димче Настоски, претставници на Наставничкиот совет, Ученичкиот парламент и Советот на родители, премиерот Ковачевски и министерот Шаќири направија увид во резултатите од капиталните инвестиции на Владата од изминативе години.
Со оваа посета, пред стартот на второто полугодие, Ковачевски ја пушти во употреба реконструираната зграда на гимназијата „Мирче Ацев“, гордоста на образованието во Прилеп во која почетокот на наставата започнала на 1 февруари 1945 година, односно на утрешниот ден пред 77 години.
Директорот на гимназијата, Настоски, ги информираше присутните дека посетата на премиерот Ковачевски е прва посета на премиер во 80 години постоење на средното училиште.
Денес зградата на гимназијата е целосно реконструирана и енергетски ефикасна со четири нови простории, изведени се и сите потребни услови за учениците со попреченост, а преку проект од Министерството за животна средина и просторно планирање обезбедена е нова котлара за затоплување на објектот со природен гас.
„Со сите овие зафати, гимназијата „Мирче Ацев“ станува современ образовен објект кој успешно ја продолжува традицијата на средното образование во Прилеп.“, истакна Ковачевски во изјавата за медиумите за време на посетата на образовните институции во Прилеп.
Објавената содржина сегментирано е преземена од
https://vlada.mk/node/27613
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.