МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Четири медали на државното првенство во скијање

Гимназијалците скијачи и професорот тренер

   Во најдобро светло се претстави тимот на скијачи од Гимназија „Мирче Ацев“ на државното првенство во скијање, кое се одржа на падините на Маврово, на 18.02.2022 во организација на Фусмак.
   Учествуваа 350 скијачи од цела Македонија. Училишниот спортски клуб го претставуваа ученици кои континуирано ги усовршуваат скијачките вештини во школата за скијање „ГИМ СКИ“
   „Големо задоволство е да се освојат 4 медали од можни 12. Ова е голем успех за Гимназијата а и воопшто за град Прилеп. Предходеа подготовки во повеќе ски центри, за на крај радоста да биде голема со постигнување на овие резултати" коментира професорот а воедно и ментор на екипата, Даниел Василески.

Првото место го освои и по вторпат стана шампион, Бистра Небрежанец;
Втори места освоија Андреа Јанкоска и Борјан Стрезоски;
Трето место освои Ангелина Апостолоска

тим скијачискијање државно 2022

на ски теренитепрофесорот и тренер по скијање Даниел

во канцеларијата кај директоротпрофесорите по спорт и скијачите

   Честитки за скијачите, за професорот и за Гимназијата.
   Дефинитивно Гимназија е расадник на одлични ученици и спортисти


Објавено на: 02 Мар 2022

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија