МК | EN | FR | DE
Прилепска Пиварница и оваа година, во чест и сеќавање на прерано загинатата гимназијалка Евалина, додели еднократни стипендии на пет гимназијалци од четврта година. Прилепска Пиварница ја доделува оваа еднократна стипендија со цел да им помогне на учениците во нивното понатамошно школување.
Еднократна стипендија добија матурантите Петар Трајкоски, Анѓелина Вукосављевиќ, Елена Николоска, Јасна Савеска и Давор Котески.
Го поздравуваме ова хумано дело на Прилепска Пиварница која повеќе години на ваков начин го помага школувањето на учениците и ги мотивира, а на учениците им посакуваме многу успех во понатамошното школување.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.