МК | EN | FR | DE
Во гимназијата постепено се враќаат активностите кои две години беа откажани поради пандемијата.
На ден 21.11.2022 во просториите на гимназијата се одржа промоција на ученикот правобранител Филип Тренкоски и неговиот тим Сара Соколоска и Јана Кокароска. Ова промоција имаше за цел да ги запознае учениците со функцијата на ученикот правобранител, правата и должностите на учениците и што е најважно да ги поттикне да пријавуваат секаков вид на прекршено право. Тоа беше реализирано преку презентација и активности со присутните гимназијалци, кои со задоволство и на доста интересен начин ги препознаваа своите права и должности.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.