МК | EN | FR | DE
После пласманот од општинските натпревари по хемија на 06-05-2022 год. се одржа регионалниот натпревар по хемија во конкуренција на ученици од Прилеп, Битола, Ресен и Демир Хисар.
На регионалениот натпревар по хемија се натпреваруваа 7 ученици од СОУ ГИМНАЗИЈА „МИРЧЕ АЦЕВ“ ПРИЛЕП од кои 6 се пласираа на државен натпревар. Посебно е за почит нивниот ангажман, успех и пласман на државниот натпревар затоа што овие ученици се едни од ретките во државава кои цели 2 години беа со онлајн настава.
Под менторство на проф.Блаже Димески на државен натпревар се пласираа учениците од прва година:
1) Петар Мирчески - прва награда
2) Кристијан Узуноски - втора награда
3) Иван Кузманоски
4) Марија Бардакоска
И под менторство на проф.Ружа Ангелеска Учениците:
1) Никола Бонески - втора година и
2) Елеонора Мицеска - четврта година.
Со среќа и успех и на државниот натпревар кој ќе се одржи на 28 мај, на ПМФ - Институтот по хемија во Скопје.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.