МК | EN | FR | DE
На 09 декември 2022 во ПОУ Јахја Кемал, општина Карпош, Скопје, во организација на Федерација на училишен спорт на Македонија, Агенција за млади и спорт и Шаховска федерација на Македонија, се одржа Државното првенство во шах за oсновни и средни училишта.
Се играа седум кола по Швајцарски систем со темпо на игра 10’+5” (10 минути со бонификација од 5 секунди) по играч.
Во категорија средни училишта учествуваа 44 млади шахисти од целата држава. Нашиот ученик во трета година, Матеј Звездакоски, го освои второто место и се закити со сребрениот медал.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.