МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Работилница за насилно и ненасилно однесување

 

   На 5.12.2022г, се реализира работилница како дел од низата активности во училиштето кои се преземаат за создавање стратегија за надминување и превенирање на состојбата со насилно однесување и подигнување на повисоко ниво на свеста кај учениците.

   Целта на оваа работилница беше учениците да се стекнат со знаења, вештини и да изградат ставови да препознаваат,  разликуваат насилно и ненасилно однесување во училиштето и надвор во средината на делување.

   Во добра и безбедна средина учениците треба да ги почитуваат правилата на однесување во училиштето и да ги негуваат придобивките од ненасилно однесување: добра комуникација, еднаквост за сите, меѓусебна почит, толеранција, самоконтрола...

   Учесници и реализатори  на  работилницата беа учениците од IV-5клас и класниот раководител Елена Келтаноска Лашкоска, ученикот правобранител во гимназијата Филип Тренкоски и педагогот во училиштето Светлана Барлакоска. 

Насилно ненасилно

работилница

работилница ненасилно однесување


Објавено на: 06 Дек 2022

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2024
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија